Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКВА БИЛА СОСТОЈБАТА НА АВТОПАТОТ СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА: Николоски вели немало ставено асфалт
Економија

ЕВЕ КАКВА БИЛА СОСТОЈБАТА НА АВТОПАТОТ СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА: Николоски вели немало ставено асфалт

06/01/2025

AA

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски вечерва за експресниот пат Страцин-Крива Паланка изјави дека немало ставено асфалт и дека имало проблеми со еден од изведувачите и со надзорот. 

Николовски во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека биле наследени огромни проблеми и дека била неизвесна реализацијата на проектот, но дека за шест месеци проектот е спроведен во целост. 

– Прв пат се завршува проект на време. Овој пат е на народот и најмалку очекував од СДСМ да расипе таков убав настан. Три столба, односно три работи народот гледа во претходната власт. Прва работа дека ниеден крупен капитален проект СДСМ не успеа да го заврши. Второ, огромна корупција и трето целосна потчинетост на ДУИ, тоа народот гледа кај СДСМ, рече Николоски.  
 
Николоски очекува експресниот пат треба да има значајна улога во развојот на економијата, отворањето на нови фабрики и комуникација со Бугарија.

Николовски  најави наскоро и пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново.

Во однос на авиосообраќајот, Николоски најави целосна реконструкција на терминалната зграда на Охридскиот аеродром што треба да се реализира во следните неколку месеци, како и уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

– Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот „Орли”. Имаме најава од „Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански, истакна Николоски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy