
ЕВЕ КАКОВ КРУЗЕР ЌЕ СТИГНЕ ВО КОТОР – цените се и до 30 илјади долари, бизнисот е загарантиран, но и правилата се јасни
Необичен брод за крстарење утрово вплови во Дубровник и донесе неколку стотици свингери во градот, а потоа ќе заплови и до Котор. Бродот вчера беше во Шибеник, а освен по хрватското приморје, крстареше и по италијанскиот и црногорскиот брег, па планирано е патување и до Котор, пренесува Индекс.
Патувањето преку крстарење стана сериозна индустрија во последните неколку децении. Покрај десетици илјади долари за соба на огромни бродови, големите пристаништа секогаш се раздвижени со бизнис. По правило, по нив следи изградба на луксузни хотели и станбени згради, ресторани и други објекти во нивна непосредна близина, со цел добро да се наплатат нивните услуги на гостите кои се и повеќе од доброплатежни.
Во оваа навидум заситена индустрија, компаниите се тркаат да им понудат на клиентите што е можно повеќе. Така, неодамна се пишуваше за брод за крстарење кој нуди тригодишно сместување на дигиталните номади за 30.000 долари, а денешниот пример што се појави во соседството, во најмала рака, изненади.
На веб-страницата на организаторот на патувањата, компанијата Original Group, може да се забележи дека цените за луксузните двојни кабини на бродот за крстарење Azamara Journey се движат и до 30.000 американски долари.
Според компанијата, на бродот се одржуваат тематски вечери, работилници и разни „сензуални“ забави, а куќните правила мора строго да се почитуваат. Тоа значи дека во патувањето можат да учествуваат само парови, а без облека можат да бидат само во одредени соби.
(Извор: Индекс.хр)
