Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКО НИКОЛОСКИ ЌЕ ЈА ИЗГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: „Нема поважен проект од овој“
Економија

ЕВЕ КАКО НИКОЛОСКИ ЌЕ ЈА ИЗГРАДИ БРЗАТА ПРУГА НА КОРИДОРОТ 10: „Нема поважен проект од овој“

20/09/2024

AA

Изградбата на брзата пруга на Коридoрот 10 е најголем приоритет за државата. Ќе ја почнам и ќе ја изградам во два мандатa. Овој проект е исклучително важен од економски апсект и ќе овозможи земјава да фати чекор со светот, наместо да остане слепо црево, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во гостувањето на „Само интервју”, Николоски потенцира дека не е против изградба на пруга кон Бугарија.

-Не сум против изградба на пруга кон Бугарија, но нема да се гради по траса која е неизводлива, прескапа и на начин со обиди на корупција врз мене и претседателот на Владата, што јавно беше истакнато, нагласи министерот во врска со третата фаза од пругата кон Бугарија.

Според него, брзата пруга Скопје – Солун ќе значи развој на државата во целина зашто покрај пругата, може да се градат потенцијално економски зони кои како поевтин транспорт би го користеле железничкиот.

-Најголем приоритет ми е да ја изградам брзата пруга на Коридорот 10, имаме голем интерес да се изгради таа пруга со висока технологија.Нема поважен проект од овој зашто земјава ќе ја однесе во иднината. Проектот е исплатлив, а постои и проект од 1978 година за пруга со брзина од 140 до 250 километри на час. Тој проект не се реализирал веројатно поради распадот на Југославија. И тој проект би не чинел поевтино од пругата кон Бугарија, некаде по километар меѓу 6 до 10 милиони евра, што значи ако Македонија има околу 215 километри  пруга од Табановце до Гевгелија, тоа би значело некаде од 1,6 милијарди до 2,1 милијарда евра да се изгради пруга со две линии. Потенцирам тоа ќе биде пруга со две линии. Проектов ќе го завршам и нема да биде изграден од руска, кинеска или индиска компанија, ќе го почнам и ќе го завршам, бидејќи очекувам ВМРО-ДПМНЕ да има два мандата, истакна министерот Николоски.

Тој најави дека во текот на денешниот ден на состанокот на министри на ЕУ во Будимпешта, ќе се сретне со министрите за транспорт од Грција, Србија Унгарија и Австрија, каде меѓудругото фокус тема на разговорите ќе биде и изградба на брзата пруга на Коридор 10. 

Во врска со уставните измени и односите со Бугарија, повтори дека не е чесно да се градат политички кариери со притисок за уништување на еден народ.

-Доколку сака, ЕУ може да го реши проблемот со нас и тоа да го стори за едно претпладне или попладне, многу посилни држави од нас ги клекнале на колена. Што правиме со 14-те пресуди од Стразбур што се однесуваат на македонското малцинство, а Бугарија не сака да ги имплементира? Спремна ли е Софија да не ја блокира Македонија во тек на преговорите? Ако е така треба да се согласат за уставните измени со одложено дејство. Што им менува на Бугарите дали сега ќе влезат во Уставот или за неколку години? Не може Украина да стане дел од ЕУ од никаде, а земји од Западен Балкан што чекаат и исполнуваат услови, да не можат. Не покажаа минимум пристојност со не-истакнувањето на државното знаме. Сегашната официјална позиција на Бугарија е далеку од реалноста. Бугарскиот и македонскиот народ се многу блиски, не е чесно да се градат политички кариери со притисок за уништување на еден народ, рече Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41585
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО ИСПОЛНИЛ Оваа влада ги испочитува

17/02/2026

ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер во реформите и безбедноста

17/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД. Таа изрази подготвеност

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно лице загина!

17/02/2026

На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy