Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА  – портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)
Регион

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА – портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

24/04/2024

AA

Облаците донесоа прашина од пустината Сахара, со што грчката престолнина Атина стана портокалова. Според официјални лица, тоа е една од најлошите такви ситуации што ја погодиле Грција од 2018 година.

Слични облаци се надвиснаа над Грција на крајот на март и почетокот на април, а беа и над делови од Швајцарија и јужна Франција.

Денеска се очекува небото да се расчисти, соопшти грчката метеоролошка служба.

Квалитетот на воздухот се влоши во многу делови од земјата, а во средата наутро античкиот Акропол во Атина не беше видлив поради прашина.

Облакот достигна дури 500 километри северно, до Солун.

На луѓето со респираторни проблеми им се советува да не се многу надвор, да носат заштитни маски и да избегнуваат физички вежби додека не се расчистат облаците од прашина.

И покрај убавината на портокаловата нијанса над Атина, која предизвика многу граѓани да се сликаат на отворено, сепак песочните облаци претставуваат голем ризик за луѓето со респираторни заболувања.

Сахара ослободува од 60 до 200 милиони тони минерален песок годишно.

Поголемиот дел од песокот брзо се таложи на земјата, но некои од малите честички можат да патуваат далеку, понекогаш стигнувајќи до Европа.

Атмосферата, особено во јужна Грција, стана задушувачка поради комбинацијата на песок и високите температури.

Метеорологот Костас Лагувардос го спореди погледот од метеоролошка станица со планетата Марс.

Противпожарната служба во вторник пријавила 25 пожари во последните 24 часа.

Еден пожар избувна во близина на поморска база на островот Крит, каде температурите надминаа 30 степени Целзиусови, а некои луѓе беа евакуирани, јавуваат локалните медиуми.

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy