Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ – свеченост за донацијата од Европската унија
Економија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ – свеченост за донацијата од Европската унија

26/11/2024

AA

Во време кога Скопје мака мачи со загаден воздух, недостиг од автобуси, но и гориво за овие превозни средства, стигнаа европските автобуси, шест на број. На свеченоста, покрај евроамбасадорот Михаел Рокас, присуствуваа и министерот за животна средина, Изет Меџити, како и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. 

Од Град Скопје информираа дека преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес е обезбедена донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси, како што велат од Градот, се значајна инвестиција во почист, одржлив урбан транспорт, со цел намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот низ градот.

„Донацијата на овие шест автобуси е само дел од проект вреден 10 милиони евра, кој има за цел да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Северна Македонија. Автобусите, покрај тоа што ќе испуштаат помалку штетни материи, ќе помогнат и во подобрување на удобноста за граѓаните кои го користат јавниот превоз во Скопје. Ова е прв, транзициски чекор кон целосно зелен систем на јавен превоз. На долг рок, властите треба да се стремат кон тоа јавниот превоз да стане сè поприфатлива, поефикасна и поеколошка алтернатива за патување. Колку повеќе луѓе избираат јавен превоз, толку поголеми се шансите да го заштитиме животната средина и да ги подобриме условите за живеење“, изјави Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.

Овие еко-автобуси ќе се движат на внимателно планирани линии во Скопје за да опслужуваат високо-фрекфентни подрачја, особено за граѓаните со специфични транспортни потреби. Овие линии имаат за цел да обезбедат безбеден, достапен и доверлив јавен транспорт, овозможувајќи секој во заедницата да има подобрен пристап до основни услуги и безбедна мобилност.

„Донацијата на автобусите од страна на ЕУ е голем успех на Градот Скопје и доказ за силната и безрезервна поддршка на Европската Унија. Ова е и доказ дека нашата градска администрација кога не е блокирана од никого навистина е способна да спроведе нешто што е од бенефит и за Скопје и за целата држава. Се надеваме дека овој проект ќе ги поттикне советниците во Советот на Град Скопје што е можно побрзо да го поддржат проектот за набавка на 250 нови еко автобуси. Градот Скопје е првата единица на локална самоуправа која пред повеќе од две години аплицираше и успешно имплементира проект поддржан од страна на ЕУ чија цел е подобрување на квалитетот на воздух и справување со загадувањето. Проектот на Град Скопје со кој аплициравме кој има за цел подобрување на квалитетот на воздухот, предвидува набавка на шест еколошки CNG автобуси за Градот Скопје, намалување на PM 2,5 и PM 10 емисиите преку транзиција на традиционалниот начин на затоплување на јавните објекти кон користење извори на чиста енергија во Скопје, изработка на Физибилити студија за проширување на системот за топлинска енергија, надградба на станици за следење на квалитетот на воздух со нова опрема и подигнување нови урбани зелени појаси со 3.000 дрвја во новите паркови кои ги градиме во Скопје“, рече градоначалничката Данела Арсовска.

Автобусите, произведени од најголемиот производител на комерцијални возила во Турција – BMC, се дизајнирани за ефикасност и одржливост. Со капацитет од 96 патници по автобус, 67 стоечки и 29 седечки места, како и специјализирани простори за патници со посебни потреби, овие автобуси ја отсликуваат најновата еко-технологија и ги исполнуваат стандардите на EURO 6. Се очекува автобусите да ги намалат емисиите на CO2, со проценета емисија од само 9 грама јаглероден отпечаток по километар по патник.

За да се обезбедат високи стандарди на услугата, како дел од набавката спроведена од УНОПС, возачите на автобусите добија специјализирана обука од сертифициран возач од Турција, што им овозможи експертиза потребна за безбедно и ефикасно управување со овие напредни возила.

„Предизвикот на загадувањето на воздухот е глобален и длабоко ги засега сите граѓани. Загадувањето на воздухот претставува предизвик за јавното здравје и квалитетот на живот, но и климатската отпорност. Секоја инвестиција во зелен транспорт, како оваа што ја правиме денес во Скопје, е инвестиција во подобра иднина за сите“, изјави претставничката на УНОПС, Микела Телатин.

Се очекува автобусите значително да ги намалат емисиите на загадувачки супстанции и да донесат значителни оперативни заштеди во споредба со постарите дизел модели кои се во употреба. Секој еко-пријателски автобус се очекува на ЈСП Скопје да му заштеди и до 20.000 евра годишно трошоци за гориво и одржување во споредба со постарите дизел модели. Оваа промена значително ќе ги намали оперативните трошоци на градот, додека истовремено ќе придонесе за почиста животна средина.

Соопштение стигна и од Кабинетот на Меџити. Првиот заменик претедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање рече дека денешниов настан е вистински пример за тоа како нашите заложби ги претвараме во дела.

„Денес е посебен ден, бидејќи со поддршка на Европската Унија и УНОПС, главниот град на државата добива 6 нови еколошки автобуси. Ова е само една од активностите што се предвидени со проектот ЕУ за чист воздух и со која директно делуваме на еден од детектираните извори на загадувањето. Со збогатувањето на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатије Скопје, ги подобруваме условите за користење на јавен превоз од страна на граѓаните“, изјави Меџити.

Оваа активност, додаде Меџити, доаѓа во вистинско време, бидејќи со почетокот на грејната сезона и промената на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што директно влијаат врз здравјето на луѓето.

„Во оваа прилика сакам да информирам дека иако Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположиви ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на аерозагаденоста, а една од тие мерки е набавка на 100 до 120 електрични автобуси за потребите на општините и Градоит Скопје“, најави Меџити.

Првиот заменик претседател на Владата  изрази благодарност на Европската Унија и на УНОПС за поддршката во заедничката борба за чист воздух, кој што не е проблем само во нашата држава, туку и во регионот, и во ЕУ и пошироко.

Фото: Кабинети на Меџити и Арсовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy