Еве како изгледаат новите изводи од матичната книга – Лога си извади нов, пола е на албански!
Министерот за правда Кренар Лога си извади нов извод од матичната книга на родените и за тоа се пофали на својот Фејсбук профил.
Се работи за нов извод на кој половина лист е на македонски, додека пак другата половина е на албански јазик.