
Еве како ќе се забавуваме на плоштад за дочекот на Нова година!
На последниот ден од 2023 година – 31 декември на плоштадот „Македонија“ во Скопје биде организирана забава која ќе почне од 11 часот, а ќе заврши во доцните часови во 2024 година.
Најмалите во 11 часот ќе имаат можност да се сликаат со Дедо Мраз,
А потоа веќе од 12 часот присутните на плоштад ќе ги забавуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра валцери балет и оперски арии, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.