
ЕВЕ КАКО БОЧВАРСКИ И ВЕСИЌ ПРОВЕРУВАА ДАЛИ ФУНКЦИОНИРА ТАГОТ ЗА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИТЕ: Моментот го овековечија со „селфи“
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот српски колега, Горан Весиќ, заедно проверуваа како оди тагот за електронска наплата на патарините.
Најпрво, заедно со Ана Брнабиќ и Димитар Ковачевски го посетија мобилното продажно место „Отворен Балкан“ на наплатната станица во Прешево
Министерот Бочварски пристигна на наплатната рампа во Прешево со електромобил, кој го возеше од Белград, во друштво на македонскиот премиер, за заедно да се погрижат македонскиот таг да работи во Србија.
Потоа, министерот Весиќ со електромобил го однесе колегата во Скопје, а на првата наплатна станица во Македонија ја користеа српската ознака и без застанување ја „минаа рампата“.
Весиќ рече дека сакал да се увери дека српската ознака, која веќе ја земале 13.215 возачи, работи во Македонија.
„Ова е начин за брзо поминување на наплатните пунктови во Македонија. Во тоа се уверив со мојот колега и пријател од Скопје и ги повикувам сите возачи да користат ознаки, бидејќи тоа им овозможува побрзо и полесно патување“, рече министерот Весиќ..
„Јас и мојот колега Благој проверивме како функционираат српските и македонските тагови во двете земји. Интеграцијата на ознаките значи поудобно патување и помалку чекање за сите возачи. Од септември ќе имаме интегрирана ознака со Хрватска, а потоа и со БиХ, Црна Гора, Албанија и Грција. Горди сме на овој проект“, рече Весиќ.