![ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА – реакции во грчките медиуми](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240513103647-850x560.webp)
ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА – реакции во грчките медиуми
Во Атина вчера главната вест беше посетата на Еди Рама и величествениот пречек од албанската заедница во таа држава.
Реакции за посетата на албанскиот премиер во Атина.
Грчки Катимерини пишува.
„Албанскиот премиер Еди Рама се обрати на собирот на албански мигранти, партиски членови и симпатизери во Атина во затворената арена на Галаци под строги безбедносни мерки.
Присутните почнаа да пристигнуваат рано наутро во неделата. Рама објави на Фејсбук прикажувајќи го настанот во Атина.
Овој настан, кој предизвика нови тензии во грчко-албанските односи, следи по коментарите на Рама во саботата: „Грција е демократска земја. Тоа не можеше да го спречи лидерот да оствари приватна посета и да разговара со своите сонародници. Прашањето привлече повеќе внимание отколку што треба, можеби, но не е вистинското време непосредно пред европските избори“, пишува Катимерини.
Фото: ЕПА
Видео: А2