ЕВЕ КАДЕ ЌЕ КУПУВАМЕ ПАРФЕМИ: Познатиот малопродажен синџир на парфеми, доаѓа во соседството
Нотино, најголемиот европски трговец на парфеми и козметика, влегува на српскиот малопродажен пазар.
Нотино е регистрирана во Србија, но се уште нема официјални информации кога компанијата официјално би започнала со работа на нашиот пазар.
Нотино моментално работи во 27 европски земји и според последните извештаи бележи рекордни резултати со обрт од над една милијарда евра. Продажбата најмногу порасна во Естонија (108 отсто) и Швајцарија (82 отсто).
Најголемиот странски пазар за компанијата останува Полска. Во фискалната 2023 година компанијата на клиентите испорача 26 милиони пакети со вкупно 75 милиони производи, пишува „Б92“.
Нотино преку своите онлајн продавници нуди над 100.000 артикли во категоријата парфеми и козметика. Физичките продавници се присутни во Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
Компанијата е основана во 2004 година. За нешто повеќе од една година Нотино отвори два нови логистички центри.