Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еве и официјално! Колку милиони долари дневно гори војната во Украина?
Економија

Еве и официјално! Колку милиони долари дневно гори војната во Украина?

06/08/2024

AA

Губењето човечки животи нема цена, но војната сепак има цена. Во украински случај нив ги чини 4 милијарди долари месечно. Им носи пустош, разорувања, окупирана територија и секојдневно губење млади животи, позиции и територии. И згора на тоа дневно разорувањето чини 130 милиони долари. А според рејтинг агенцијата „Фич“ Украина е веќе банкротирана земја зашто не може да ја плаќа војната ниту да ги сервисира своите обврски

Војната во Украинадневно чини 130 милиони долари, односно 4 милијарди долари месечно, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко за украински медиуми, неодамна. Според него тоа е клучната причина поради која со секојдневните воени дејствија буџетскиот дефицит на Украина, од почетокот на годинава, е зголемен за 12,2 милијарди долари. Само за потсетување, претседателот на Украина Владимир Зеленски, во октомври лани го одобри државниот буџет на Украина со планиран годишен дефицит од 43 милијарди долари.

Украина во целост зависи од донации и поддршка на западни партнери и тоа е општо познат факт. Економијата на земјата е директно изложена на разорните воени дејствија од руската агресија и во голема мерка интензитетот на економски активности е многу намален. Во голема мерка е загрозена и тешко функционална енергетската инфраструктура на Украина. Има чести прекини на струја и снабдувањето со електрична енергија е лимитирано и постојат секојдневни рестриции. Тоа во голема мерка ја отежнува економската состојба во земјава на индустријата која не работи за потребите на военото односно наменското производство. 

Во најголема мерка како последица на воената состојба во која се наоѓа земјата од февруари 2022 година до сега, по рапидниот раст, украинскиот надворешен долг веќе надмина 100 милијарди долари. Според јавно достапни податоци на ММФ внатрешната изложеност (односно обврските) на украинската држава кон нејзините граѓани надминува 40 милијарди долари.

Дали Украина е веќе банкротирана земја? Рејтинг агенцијата „Фич“ вели да!

Пред два месеци интернационалната компанија „Фич“ (Fitch) во својата бонитетна проценка дополнително го намали кредитниот рејтинг на Украина. Досега нејзиниот рејтинг беше ЦЦ (CC) ознака која укажува на постоење изгледна веројатност од банкрот. Сега во најновата проценка кредитниот рејтинг на Украина е Ц (СС) што во слободен превод значи дека банкротот е неизбежен.

Дополнителна и независна потврда на оценката на „Фич“ даде и последниот репрограм на државната обврзница чија рата Украина требаше да ја исплати на почетокот на август годинава на своите кредитори (големи американски инвестициски фондови и инвестициски банки н.з.). Согласно со двогодишниот мораториум за исплати кој во август 2022 година беше даден од кредиторите.

Епилогот беше репрограм на долгот со што елегантно се избегна дискусија за кредитната способност на украинската држава.

Веќе се почесто западните поддржувачи на Украина и медиумите од демократските земји јавно соопштуваат дека оваа земја не би можела да помине ниту неколку дена без помош од западните донатори на оружје, опрема, лекови, храна и финансии.

Последната голема помош која беше одобрена на Украина беше од САД и изнесување околу 60 милијарди долари кои земјата ќе ги добива во период од две години.

Р.Ф.

foto EPA/Sergey Kozlov

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy