Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото
Македонија

Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото

27/07/2023

AA

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор.

Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата.

Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република Северна Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување.

Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.

Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета.

Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон

05/02/2026
Македонија

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ

05/02/2026
Македонија

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА

05/02/2026
Македонија

Втор земјотрес почувствуван во Македонија

04/02/2026
Македонија

ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО Мицкоски откри што

04/02/2026
Македонија

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот

04/02/2026
Македонија

Полициска акција во Струмица и струмичко

04/02/2026
Македонија

ВЛАДАТА СО ЗАСИЛЕНА ЕУ-АГЕНДА Мицкоски најавува продолжување на реформите по

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41049
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон синдикатите

05/02/2026

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма остро ги критикуваше барањата на Сојузот на синдикатите

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ земјава

05/02/2026

Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА Еве што се случува со

05/02/2026

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy