Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот
Македонија

„ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот

26/04/2026

AA

Техничката поддршка на проектот „ЕУ за општините“ претстави нов практичен прирачник наменет за општините во Северна Македонија. Публикацијата е насловена „Прирачник за спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за данок на имот“ и претставува конкретна алатка за планирање и спроведување на ефективни комуникациски кампањи на локално ниво.

Прирачникот нуди структуриран и практичен пристап за тоа како општините да ги информираат и вклучат граѓаните во процесот на редовно и навремено плаќање на данокот на имот, преку јасни пораки, соодветни комуникациски канали и конкретни активности. Неговата цел е да придонесе кон зголемување на јавната свест, подобрување на транспарентноста и зајакнување на довербата меѓу граѓаните и локалната самоуправа.

Со овој прирачник, Европската Унија преку „ЕУ за општините“ ја надградува поддршката за општините во делот на административните и технички капацитети, како и во областа на стратешката комуникација и директната интеракција со граѓаните, како едни од клучните елементи за поефикасно управување со локалните приходи.

Во својот предговор, Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, истакнува дека општините се местото каде што европските политики се преточуваат во конкретни подобрувања во секојдневниот живот и тоа преку подобри услуги, позелени решенија, посилни локални економии или поинклузивно управување. Тој додава дека во изминатите години, проектот „ЕУ за општините“ покажа дека европската интеграција не е апстрактен процес, туку партнерство изградено на соработка, доверба и конкретни резултати.

Програмскиот менаџер за локална самоуправа и регионален развој во Делегацијата на Европската Унија, Енцо Дамиани, нагласува дека ефикасното управување со локалните јавни финансии е директно поврзано со квалитетот на услугите за граѓаните, при што комуникацијата и информирањето на јавноста играат клучна улога во поттикнувањето на доброволно и навремено плаќање на даноците.

Прирачникот е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамки на Техничката поддршка на „ЕУ за општините“ во Северна Македонија. Се дистрибуира бесплатно и може директно да се преземе на следниот линк: https://eu4m.myshopify.com/products/handbook-on-property-tax-awareness-raising-campaign

Автор на публикацијата е Бардул Марку, главен уредник е Др. Клаус Рихтер, кој е и тим лидер на ТП „ЕУ за општините“, додека виш уредник за стратешки комуникации и ЕУ видливост е Бојан Кордалов.

Овој Прирачник е дел од поширока серија на практични публикации подготвени во рамки на „ЕУ за општините“, кои имаат за цел да обезбедат практична поддршка, пренесување на знаење и практични вештини за локалната администрација во Северна Македонија, како и да придонесат за поефикасно, транспарентно и одговорно управување со јавните ресурси. Со оваа серија на публикации, која е достапна на следниот линк: https://eu4m.myshopify.com/, „ЕУ за општините“ остава конкретна алатка која ќе продолжи да се користи и по завршувањето на проектот, а како поддршка за општините во нивниот европски развој.

Повеќе информации за „ЕУ за општините:

Во изминатите шест години, ЕУ проектот „ЕУ за општините“ постигна значајни, мерливи и видливи резултати во зајакнувањето на капацитетите на локалната самоуправа во Северна Македонија. Обучени се околу 1.500 претставници од општините и планските региони, додека 28 обучувачи се (ре)сертифицирани, со што се обезбедува долгорочно јакнење на внатрешните капацитети во институциите на локално ниво.

Воспоставен е национален Helpdesk систем кој обезбедува континуирана поддршка, додека програмата директно ги поддржа сите 81 општина во државата, обезбедувајќи целосна национална покриеност и позитивен импакт. Дополнително, реализирани се 8 ЕУ-финансирани грант проекти од страна на општините кои носат конкретни и граѓански ориентирани резултати на локално ниво.

„ЕУ за општините“, исто така, придонесе за зајакнување на регионалната соработка, преку поддршка на 11 општини во процесот на меѓуопштинско организирање за управување со дестинацијата Повардарие. Паралелно, преку студиски посети и партнерства, беа воспоставени врски со повеќе од шест земји членки на Европската Унија, вклучително Германија, Франција, Грција, Хрватска, Шпанија, Белгија и Латвија.

Во делот на поддршка за учество во ЕУ програми, постигнати се дополнителни значајни резултати. Вкупно 274 ЕУ-финансирани Interreg проекти вклучуваат партнери од Северна Македонија (општини и плански региони), со поддршка обезбедена преку „ЕУ за Општините“ во форма на обуки и практична експертиза. Дополнително, регистрирани се 78 Interreg проекти од тип B и C со учество на меѓународни и партнери од земјата, што претставува значителен напредок во споредба со состојбата од пред две години, кога вакви проекти не беа реализирани.

Покрај тоа, реализирани се и 88 прекугранични проекти со соседните земји, во кои учествуваат општини од Северна Македонија, дополнително зајакнати преку поддршката на „ЕУ за Општините“ за подготовка на проекти и развој на регионална соработка.

Овие резултати потврдуваат дека поддршката на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Општините“ има суштинско влијание врз подобрување на административните капацитети, зголемување на учеството во ЕУ програмите и унапредување на локалниот развој во Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy