Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ собра 1,5 милион денари за Кочани на настаните во рамки на Денот на Европа
Македонија

ЕУ собра 1,5 милион денари за Кочани на настаните во рамки на Денот на Европа

02/06/2025

AA

Над 3.300 учесници во седум града се обединија во солидарност, собирајќи речиси 1,5 милиони денари донации на настани организирани во текот на месец мај по повод 9 мај – Денот на Европа. Оваа година, одбележувањето на Денот на Европа беше посветено на поддршка на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани преку низа активности што ги организираше Делегацијата на Европската Унија и мрежата Јуроп хаус. Во знак на поддршка, граѓаните трчаа на хуманитарни трки и учествуваа на аукции со дела на домашни уметници, искажувајќи ја својата хуманост и солидарност како со семејствата на настраданите, така и со целата заедница во градот Кочани.-ЕУ со голема посветеност ја продолжува и долгорочната психосоцијална поддршка за погодените од оваа несреќа. Во рамките на таа поддршка, во соработка со шведската амбасада, најавена е и посета на делегација од шведскиот град Гетеборг, која ќе ги сподели своите искуства за справување со колективна траума по сличната трагедија што се случи во овој град, во 1998 година.Оваа година, Денот на Европа беше одбележан со силна порака за солидарност. Преку низа активности во знак на заедништво, граѓаните покажаа што значи да се биде едно кога човечноста е најпотребна. Од уметници до тркачи, од деца до возрасни – сите беа обединети зад една цел.Поддршката од Европската Унија за Кочани започна веднаш по трагедијата, со активацијата на механизмот за цивилна заштита, преку кој 115 лица погодени од несреќата беа транспортирани на лекување во земји-членки на ЕУ и партнерски држави. Брзата и координирана реакција уште еднаш ја потврди силната европска солидарност. За многумина, овој брз одговор беше од животна важност.За време на приемот по повод Денот на Европа 2025, на 8 мај, во Музејот на современа уметност – симбол на отпорот и солидарноста на Скопје – во соработка со ДЛУМ беше поставена и уметничка изложба на која домашни уметници несебично донираа свои дела кои беа ставени на продажба со една единствена цел – собирање средства за помош на настраданите од трагедијата во Кочани.На 9 мај, во седум града низ државата беа осветлени значајни историски и културни објекти во сина боја, како симбол на единството и солидарноста меѓу европските народи.Хуманитарните трки како главен настан се одржаа на 25 мај, кога во седум града низ земјата (Скопје, Битола, Велес, Тетово, Струмица, Струга и Крива Паланка) се трчаше за Кочани. Според официјалните податоци, на трките „Сите за Кочани. Трчаме заедно.“ беа пријавени над 3.300 учесници. Иако временските услови не беа благонаклонети, тоа не ги спречи граѓаните да трчаат и по дожд, обединети со цел да му помогнат на Кочани. Учесници на дел од трките беа и претставници од амбасадите на земјите-членки на Европската Унија, под мотото #TeamEurope, кои давајќи личен пример, трчаа заедно со граѓаните низ сите седум града.Вкупната сума собрана од донациите преку хуманитарните трки и уметничката аукција, изнесува речиси 1,5 милиони денари. Собраните средства се префрлени на сметката на Црвениот крст, која е наменета за поддршка на настраданите од трагедијата во Кочани.Делегацијата на Европската Унија обезбеди и долгорочна поддршка за граѓаните на Кочани, сè со цел полесно справување со траумите од несреќата преку Центарот за психосоцијална и кризна акција.Воедно, земјите членки на ЕУ, преку своите национални механизми, индивидуално обезбедуваат и различни форми на поддршка. Како дел од ова, Амбасадата на Шведска организира посета на делегација од шведскиот град Гетеборг, каде што во 1998 година, во сличен пожар во дискотека загинаа повеќе од 60 претежно млади луѓе. Целта на посетата на шведската делегација е споделување искуства за справување со колективната траума во Кочани, стои во соопштението од ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy