Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ ги укина одмаздничките тарифи за американските стоки кои се во сила уште од ерата на Трамп
Економија

ЕУ ги укина одмаздничките тарифи за американските стоки кои се во сила уште од ерата на Трамп

19/12/2023

AA

Европската унија ги прекинува царините за американските стоки кои требаше да се применуваат до крајот на март 2025 година, воведени од Брисел како контрамерка на тарифите на Вашингтон за челик и алуминиум од ЕУ.

Европската унија одлучи да се воздржи од тарифи врз основа на договорот со САД во кој Вашингтон вети дека ќе ги суспендира и сопствените царини од 25 отсто за европскиот челик и давачките од 10 отсто за алуминиумот од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Американските царини за челик и алуминиум од ЕУ беа воведени во 2018 година од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Вашингтон претходно се согласи да ги суспендира своите царини за европскиот челик и алуминиум на две години, почнувајќи од јануари 2022 година и да ги замени со квоти.

Американскиот систем на квоти дозволува увоз до 3,3 милиони тони челик од ЕУ и 384.000 тони алуминиум во САД без царина, додека дополнителните количини се предмет на царина.

Оваа одлука, треба да им овозможи на европските извозници на челик и алуминиум да заштедат приближно 1,5 милијарди евра годишно, објави Европската комисија.

Во вторникот, Европската унија објави договор со САД за продолжување на суспензијата на специјалните царини за производи од челик и алуминиум до март 2025 година.

Целта на тој потег е да се избегне понатамошна ескалација на долгорочниот трговски конфликт со САД што се појави под администрацијата на Доналд Трамп.

За возврат, беа суспендирани и европските царини за американските производи како бурбон виски, мотоцикли Харли-Дејвидсон и фармерки.

Тие европски царини првпат беа воведени како одговор на дополнителните царини за увоз на челик и алуминиум, воведени од Трамп во 2018 година.

Трајно решение за трговскиот конфликт требаше да се најде до крајот на оваа година. Сепак, на самитот САД-ЕУ во октомври не беше постигнат договор, што доведе до продолжување на суспензијата на царините.

Како причина за неуспехот Брисел ги наведе недоволните отстапки од САД, бидејќи Вашингтон наводно сакал да прифати решенија кои не се во согласност со правилата на Светската трговска организација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy