Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ ги откажа тестовите за корона за патниците од Кина
Македонија

ЕУ ги откажа тестовите за корона за патниците од Кина

17/02/2023

AA

ЧЛЕНКИТЕ на Европската унија се согласија да ги укинат ограничувањата поради Ковид-19 за патниците од Кина, кои беа воведени како заштитна мерка од можни нови видови на коронавирус по отворањето на Кина што поттикна зголемување на бројот на случаи.

Се укинува и тестирањето по случаен избор

Здравствените експерти од 27 земји-членки на ЕУ денеска на состанок се согласија дека до крајот на февруари ќе го укинат условот патниците кои пристигнуваат од Кина да покажат негативен тест за ковид пред да влезат во ЕУ, соопшти шведското претседателство со ЕУ. Понатаму, тие се согласија да го прекинат случајното тестирање на патници од Кина до средината на март.

Земјите кои не се во ЕУ, но се во Шенген зоната на слободно патување – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, исто така се согласија на потезите. Членките на ЕУ се согласија на 4 јануари да спроведат случајни тестови за патниците од Кина, неколку дена пред Кина да ги олесни пандемиските ограничувања кои беа меѓу најстрогите во светот.

Мерките на ЕУ служеа само како препорака до земјите-членки. Некои членки како Франција и Италија воведоа задолжителни тестови за ковид и секвенционирање на вируси за патниците од Кина, иако Италија ги олесни контролите на крајот на јануари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy