Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ доделува 47 милиони евра за хуманитарна помош за Конго, Франција 34 милиони евра
Македонија

ЕУ доделува 47 милиони евра за хуманитарна помош за Конго, Франција 34 милиони евра

04/03/2023

AA

Европската унија денеска соопшти дека доделува повеќе од 47 милиони евра за хуманитарна помош за провинцијата Северен Киву во Конго и дека планира да испрати санитетски материјал и храна во таа источна провинција погодена од судирите меѓу владините сили и бунтовничката група М23.

Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич рече дека ЕУ е подготвена да ги мобилизира сите неопходни средства за поддршка на хуманитарните работници, вклучително и логистика и воспоставување на хуманитарен воздушен превоз, за ​​да се задоволат потребите на населението во Демократска Република Конго.

Со воспоставувањето хуманитарен воздушен мост организиран со поддршка на Франција и новата мобилизација на средства, ЕУ ја потврдува својата поддршка за најранливите, истакнува Ленарчиќ во соопштение.

„Авионот, кој ќе доставува помош во храна и санитетски материјал, ќе биде испратен во Гома, главниот град на Северен Киву“, рече Ленарчиќ.

„Франција ќе одвои 34 милиони евра за нова хуманитарна помош иницирана од ЕУ за провинцијата Северен Киву во Конго“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата официјална посета на Киншаса.

Во провинцијата Северен Киву се зголеми нестабилноста во текот на изминатата година, најмногу поради последната голема офанзива на бунтовничката група позната како М23.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy