Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ да преиспита колку пари дава на Србија која поддржува антидемократски режими
Регион

ЕУ да преиспита колку пари дава на Србија која поддржува антидемократски режими

26/04/2023

AA

Да се ​​преиспита финансиската помош од ЕУ за Србија, бараат европратеници. 

Пратениците на Европскиот парламент ја повикаа Европската унија да го разгледа обемот на финансиската помош што ја дава на Србија доколку оваа земја продолжи да ги поддржува антидемократските режими, пренесува Бета.

Во извештајот усвоен од Комисијата за надворешна политика на Парламентот (АФЕТ), претставниците забележаа дека преговорите за пристапување во ЕУ со Србија треба да напредуваат само ако таа земја ги почитува санкциите на ЕУ против Русија и ако направи значителен напредок во реформите поврзани со ЕУ.

Европратениците изјавија дека процесот на пристапување на Србија треба да се определи со напредок во владеењето на правото и основните права, функционирањето на демократските институции, посветеноста на споделување на европските права и вредности и нормализација на односите со Косово.

Европратениците констатираа дека од Извештајот на Европската комисија за Србија од 2020 година, оценките за состојбите во 33 поглавја од преговорите не се подобрени и дека во Извештајот за 2022 година не е постигнат „добар напредок“ во ниту едно поглавје.

И претходно имаше изјави од поединци дека Србија ја користи ЕУ како банкомат, а ја поддржува Русија и не воведува санкции. 

„Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат“, изјави во март годинава холандскиот европратеник Тејс Ројтен од групата на социјалдемократите. 

Тој побара од Европската комисија да ја објасни нејзината „неразбирлива политика“ кон Србија и посочи дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат.

Русија го користи своето влијание во Србија обидувајќи се да ги дестабилизира и да се меша во соседните суверени држави, се вели во извештајот усвоен од Комитетот за странско мешање во Европскиот парламент (ЕП) на 26 април.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy