Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ да одржи меѓувладини конференции со С. Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година, повика австриската министерка Едштадлер
Македонија

ЕУ да одржи меѓувладини конференции со С. Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година, повика австриската министерка Едштадлер

08/11/2023

AA

Во објавата на социјалните мрежи насловена како „ЕУ мора да го преземе водството во Западен Балкан“, министерката потенцира дека Унијата треба да постави конкретни целни датуми за пристапување за секоја од шесте земји во Западен Балакн по изборот на новиот состав на Европската комисија

Европската Унија треба да се стреми кон пет конкретни чекори доколку сака своите зборови за солидарност кон Западен Балкан да ги усогласи со акции. Ова, во очи на денешното објавување на извештаите на Европската комиисја за напредокот на земјите кандидатки за членство, синоќа на социјалните мрежи го објави сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролина Едштадлер.

Меѓу петте точки на кои австриската министерка смета дека ЕУ треба да се фокусира е одржување на меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година.

Во објавата на социјалните мрежи насловена како „ЕУ мора да го преземе водството во Западен Балкан“, министерката потенцира дека Унијата треба да постави конкретни целни датуми за пристапување за секоја од шесте земји во Западен Балакн по изборот на новиот состав на Европската комисија.

Меѓу останатото, Едштадлер смета дека ЕУ треба да се фокусира на отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина до крајот на годинава, со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори, а пред изборите во ЕУ да се постигне напредок и во пристапните преговори со Србија и во обработката на апликацијата на членство на Косово.

„Ниту еден од овие чекори нема да ги поштеди овие земји од исполнување на сите критериуми за пристапување пред евентуалното членство во ЕУ. Сепак, во оваа фаза е време ЕУ да го преземе водството и да обезбеди вистински докази дека продолжуваме да бидеме сериозни во однос на ЕУ перспективата на регионот“пишува австриската министерка Каролина Едштадлер во објавата на социјалните мрежи

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy