
ЕУ бара критични суровини во Грција
Mytilineos може да обезбеди стратешка предност на европскиот пазар за производство на полупроводници, оптички влакна и фотоволтаици под одредени услови, објави Катимерини. Европската комисија ѝ пристапи на Mytilineos Energy & Metals и побара од неа да го истражи производството на галиум како нуспроизвод во нејзината рафинерија што го претвора бокситот во алумина, суровина за алуминиум, во Агиос Николаос, Крит.
„Во разговори сме со Европската комисија за да постигнеме најдобар и најбрз резултат“, открива Евангелос Митилинеос, претседател на Eurometaux, Паневропската асоцијација на индустрии за обоени метали и претседател на Mytilineos. Овој развој доаѓа по неодамнешната објава за плановите на Кина да го ограничи извозот на галиум и германиум.
ЕУ 70 одсто од својот галиум и 45 одсто од својот германиум го добива од Кина, а има малку компании надвор од Кина способни да произведуваат метали со висока чистота што се користат во производството на полупроводници, фотоволтаици и оптички влакна.
„Пред неколку месеци Европската комисија го поднесе својот предлог за Директивата за критичните суровини за помош на европската рударска и преработувачка индустрија, која и самата има дефицит и е целосно зависна од увоз, главно од Кина и Русија“, посочува Евангелос Митилениос.
Развојот на ситуацијата доаѓа по неодамнешната најава на Кина за ограничување на извозот на галиум и германиум.
„Бидејќи имаме готови студии и целосна способност за производство на галиум, секако со потребните инвестиции, во разговори сме со Европската комисија за да постигнеме најдобар и најбрз резултат“, објаснува тој за „Катимерини“.
