Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Естонска банка со мерки против Србија и Ерменија затоа што не вовеле санкции против Русија
Економија

Естонска банка со мерки против Србија и Ерменија затоа што не вовеле санкции против Русија

12/08/2023

AA

Естонска банка – „ЛХВ“ денеска соопшти дека од 1 септември ќе воведе нови ограничувања за плаќања со Србија и со уште четири земји, бидејќи не воведоа санкции против Русија по агресијата врз Украина.

„Во врска со тешката меѓународна ситуација предизвикана од руската агресија, од 1 септември 2023 година, плаќањата не можат да се вршат или примаат од банките во Ерменија, Србија, Узбекистан, Киргистан и Казахстан“, објави ЛХВ банката на својата веб-страница.

Оттаму додаваат дека ограничувањето се однесува на сите валути, како и на сите банкарски подружници кои можат да бидат регистрирани или да работат надвор од споменатите земји.

„Се обидуваме да обезбедиме сите плаќања направени до 31 август 2023 година, вклучително и до 31 август 2023 година, да стигнат до примателите. Сите плаќања направени по 1 септември 2023 година ќе му бидат вратени на исплатувачот“, наведува естонската банка на својата веб-страница.

Оттаму додаваат дека ќе добиваат исплати од споменатите земји во, како што велат, „исклучителни случаи“, доколку примачот на уплатата ја известил банката за својот оправдан интерес (на пр. национални интереси на Естонија, социјални причини итн.).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41734
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на возилата треба да се чека

21/02/2026

Од 1 до 18 февруари полицијата одзела вкупно 96 автомобили од возачи што возеле без возачка дозвола или имале забрани

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба деблокада сега!

20/02/2026

На отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија во Скопје, претседателката порача дека ЕУ е нецелосна и ранлива без Западен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy