Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Естонија не се исплаши од Нено и Шортс – нѐ растури и нѐ врати на кошаркарското дно (ФОТО)
Спорт

Естонија не се исплаши од Нено и Шортс – нѐ растури и нѐ врати на кошаркарското дно (ФОТО)

21/02/2025

AA

Македонската кошаркарска репрезентација ќе продолжи да сонува настап на континентален собир и во следните најмалку четири години, откако со вечерашниот пораз на гостувањето кај Естонија (65-84) останавме без никакви шанси за пласман на ЕП 2025.

Жолто-црвените отпатуваа во Талин со императив да победат со најмалку шест поени разлика, единственото сценарио кое не оставаше во игра за место на Евробаскетот, но не само што не се случи тоа туку на крајот претрпевме уште еден убедлив пораз – четврти во досегашните пет меча во квалификациите. Домашниот тим не се исплаши од нашиот евролигашки тандем, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс и максимално ги искористи „дупките“ под кошевите, каде што бевме буквално без вистински центар. За тоа најдобро говори огромниот минус во скокови, каде што избраниците на селекторот Александар Јончевски имаа дури 17 повеќе скока (47-30).

Македонската селекција не се предаде без отпор, се бореше до последниот атом енергија, особено во првото полувреме во кое на крајот дури имавме и минимална предност (39-38). Но, ограничената ротација и малата помош од останатите репрезентативци, со исклучок на Андреј Маслинко, се покажаа како клучни во продолжението. Естонците на стартот од третата четвртина со серија 12-4 дојдоа до првото двоцифрено водство (58-48) со што ги најавија крајниот епилог и решеноста да дојдат до посакуваниот триумф кој ги води на ЕП.

Ти-Џеј Шортс со 21 поен и шест асистенции беше лидер кај Македонија, додека веднаш зад него беше Димитријевиќ со 20, но со дури 20 упатени шута од поле (погоди седум), а за одбележување се и 15-те поени на Маслинко со седум скока.

Во вториот меч од нашата група, Литванија како гостин ја размонтира Полска (82-48). Во пресрет на последното коло, Литванија и Естонија имаат скор 4-1, а Македонија и Полска 1-4, со тоа што Полјаците имаат загарантиран настап на ЕП како еден од домаќините, додека ние единствени ќе останеме без настап и на уште едно ЕП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy