
ЕСМ: Топланите работеа до 10.00 часот, ако треба повторно ќе се вклучат
ЕСМ информира дека на првиот ден од почетокот на грејната сезона на подрачјето на Град Скопје топланите биле вклучени до 10 часот, а доколку е потребно, попладне ќе бидат повторно вклучени.
„Топланите
стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната
мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запре во 10:00 часот.
Во
овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ По
направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку
надворешните дневни температури после 15
часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно
централното греење повторно се вклучува“, ифнромира ЕСМ.
Од таму апелираат до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици”
да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок
и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да
овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица,
како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична
енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и
функционална електрична инсталација).