Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци
Економија

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

19/12/2024

AA

АД ЕСМ со кредит од германска развојна КфВ банка почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“, соопшти Министерството за финансии.

Средствата за овие два значајни проекта, во износ од 55 милиони евра, се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии, по поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс-период од пет години.

Договорот за заем денеска го потпишаа Мориц Реме, директор на канцелариите на КфВ  банка во Скопје и во Приштина и Лазо Узунчев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ. Договорот за гаранција, пак, го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот Реме.

– Како Влада ја препознаваме потребата од зголемување на производството на зелена енергија и во таа насока е издадената гаранција за реализација на овој Договор, а воедно со тоа и за обезбедување на потребните средства за финансирање на проектот за Ветерниот парк Богданци – фаза 2 и Фотонапонска електрана Битола 2. Овие проекти се дел од инвестицискиот циклус којшто го почнуваме и на кој го темелиме нашиот развој во иднина. Владата има сериозен пристап и ќе ги вложи сите напори да се реализираат проектите кои ќе имаат додадена вредност за економијата – рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека тој инвестициски циклус е поддржан и со висок износ на планирани капитални инвестиции во Буџетот за 2025 година.

– Ми претставува вистинско задоволство што АД ЕСМ по долго време повторно влегува во еден сериозен и динамичен инвестициски циклус. Благодарение на одличните односи со КфВ банката во којашто гледаме сериозен партнер за зајакнување на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем, продолжуваме да го трасираме патот кон одржливо енергетско сценарио преку реализација на нови проекти од обновливи извори. Со средства од нашиот партнер,  АД ЕСМ, веќе реализираше значајни зафати, а во наредниот период продолжуваме со засилено темпо кон реализација на нови проекти – потенцираше Узунчев по потпишувањето на Договорот за заем.    

На потпишувањето присуствуваше и заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ, кој истакна дека проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци“ е дел од Националната стратегија за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

– Реализацијата на двата зафати дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на Македонија, ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем и ќе влијае на намалување на зависноста од увоз на електрична  енергија. Овие инвестиции ќе имаат и социо-економски придобивки затоа што ќе отворат нови таканаречени зелени работни места – рече Лабудовиќ.

ФЕЦ Битола 2 ќе се гради на рекултивирано земјиште во рамките на РЕК „Битола“ и ќе има инсталиран капацитет од најмалку 50 MW. Се очекува оваа електроцентрала да произведува околу 80 – 90 GWh електрична енергија годишно, што е доволно за потребите на над 20 илјади домаќинства. Инвестицијата од 47,3 милиони евра ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 63.000 тони годишно, придонесувајќи за побрза декарбонизација на енергетскиот сектор. Согласно проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци“ на постојната локација на паркот, кој во моментов е со 16 турбини, со моќност од 36,8 MW, ќе се инсталираат уште четири ветерници со вкупен инсталиран капацитет од 13,6 MW, со што целосно ќе биде заокружен овој ветерен парк со вкупен инсталиран капацитет од околу 50 MW.

Директорот на канцелариите на КфВ во Скопје и во Приштина Реме потенцира дека Германија и КфВ го поддржуваат зазеленувањето на енергетските производствени капацитети во државата последните 20 години.

– Горди сме што можеме и понатаму да ги поддржиме напорите на Владата и на ЕСМ и да придонесеме за креирање одржлив енергетски систем од којшто најголема корист ќе имаат граѓаните. Ова ќе биде најголемата јавна фотонапонска централа во државата и несомнено ќе придонесе за понатамошното зголемување на уделот на обновливи енергии во енергетскиот биланс – истакна Реме.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер истакна дека новиот германски заем е добра вест за секој кој се грижи за оддржливоста на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.

– Тој ќе и помогне на земјата во својот пат кон имплементирање на Зелената Агенда на Западен Балкан како и да се оттргне од зависноста кон старата инфраструктура базирана на јаглен. Средствата од заемот ќе бидат инвестирани во фото напонска електрична централа близу Битола и делумно за проширување на ветерниот парк во Богданци. И двете инвестици ќе придонесат да се реализира дел од огромниот потенцијал на обновлива енергија во корист на граѓаните на Република Северна Македонија – вели Дреклер.

ФЕЦ Битола 2 и проширувањето на ветерниот парк  „Богданци“ се дел од долгорочните планови на државата кон зелената енергетска транзиција, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Фото: Принтскрин/Министерство за финансии

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy