Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ: СДСМ  ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам
Економија

ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам

31/01/2025

AA

Oд АД ЕСМ велат дека СДСМ  ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен
популизам.

Оттаму велат дека СДСМ лицемерно ги коментира барањата за корекција на
максимален приход и цена на Друштвата за производство и дистрибуција на
топлина,  формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со
пазарот на топлинска енергија.

„Опозицијата треба да знае дека компаниите треба да се
придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторната комисија за
енергетика и водни услуги. Имено,  согласно подзаконскиот акт кој го
регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да
достават Барања до Регулаторната комисија за енергетика доколку настанат
значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на
одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија. СДСМ ако е одговорна партија како што се претставува и
се грижи за граѓаните, исто така треба да знае дека во тек на тековната грејна
сезона зголемена е  цената на природниот гас, енергент што претставува
основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, поради што се
доставени барањата до РКЕ.
Согласно тоа, компаниите
поднесоа барања до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на
регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната
значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на
одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија,
односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона. 
Опозицијата кога веќе го спомнува АД ЕСМ и Друштвата
за топлинска енергија, треба да се потсети дека токму СДСМ во соработка со
нивните поранешни коалициони партнери, трите Друштва за производство,
дистрибуција и снабдување со топлина ги оставија со милионски долгови по разни
основи“, велат од ЕСМ. 

И на крај независно од одлуката на Регулаторната
комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цената, велат дека  опозицијата треба да знае дека
топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање
споредено со другите начини на греење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy