
ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор
Скопјанецот Павле Маџовски од редовите на АД ЕСМ е назначен како постојано решение на позицијата директор на фирмата-ќерка ЕСМ Продажба.
Маџовски доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка Нора Муареми од Тетово,која беше само еден месец на оваа функција како кадар на коалицијата ВЛЕН
Таа беше назначена пред еден месец како в.д. директорка на местото на Мерита Мустафа, која си поднела неотповиклива оставка од челната функција на претпријатието.
ЕСМ Продажба е фирма-ќерка на АД ЕСМ кое купува електрична енергија кога има недостатоци, продава вишоци струја за јавните институции и купува природен гас во текот на грејната сезона.