Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ продава струја, но и отпад од РЕК Битола: Лебдечката пепел ставена на јавен оглас
Економија

ЕСМ продава струја, но и отпад од РЕК Битола: Лебдечката пепел ставена на јавен оглас

05/05/2025

AA

АД ЕСМ од крајот на минатиот месец за прв пат јавно преку отворен систем на понуди објави оглас за продажба на лебдечката пепел како отпад која се создава како нус-производ од согорениот јаглен на РЕК Битола. 

Повикот е објавен по еден месец по вонредниот надзор на инспекторатот за животна средина кога беа затекнати огромни количини непокриена лебдечка  пепел која ветрот ја разнесуваше низ Пелагонија. Понуди ќе се прибираат во континуитет до крајот на годината. 

„Фактор“ контактираше директно со генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, кој ни рече дека овој нус-производ се користи како супстанца во градежништвото за производство на цемент.

– РЕК Битола, условно
„произведува“ 2 тони дневно лебдечка пепел по блок како нус-производ. Таа
досега се продаваше на Цементарница Усје, односно на „Титан“, како пепел за
градежен материјал. Меѓутоа, цената беше 110 денари по тон и не била променета повеќе
години во континуитет. Договорот како рамковен беше раскинат минатата година, а
ние во меѓувреме објавивме оглас со почетна цена од 600 денари. По
консултациите што ги направивме, се согласивме дека таа е превисока и наскоро
ќе понудиме нов оглас по викендот на кој почетната цена ќе биде 300 денари по
тон. Доколку продадеме еден милион тони, според проценките, АД ЕСМ ќе заработи
5 милиони евра за една година како дополнителен приход, ни одговори генералниот
директор  Лазар Узунчев.

Овој отпаден материјал стана „видлив“ за битолчани во текот на минатиот месец, кој беше доста ветровит, а неофицијално, причината за неговото разлетување е недовршената таканаречена касета за одлагање. Според Узунчев, оваа депонија сега е оформена и не очекува понатамошни проблеми. Покрај тоа, како што вели, натрупувањето се должи на досегашната директна продажба само кон еден оператор кој немал толкави потреби за целото количество.

Според тендерската документација, секој заинтересиран оператор во секое време ќе биде слободен да достави понуда за купување

– Од она што можеме да
го заклучиме, интерес повторно има од „Цементарница Усје“, како и од две
странски фирми од Шведска и Германија, од кои едната е трговец, а другата е
компанија за градежништво. Продажбата е по принципот – прв дојден, прв услужен,
со приоритет за понудувачот со повисока цена во случај на неколку понуди во ист
евалуационен период, додава првиот човек на државните електрани.

Според актуелниот оглас, утоварот на пепелта ќе се врши секојдневно, а за 24 часа ќе може да се изнесуваат максимум 1.100 тони. Преземањето треба да се врши со специјална опрема. Во тековниот повик пишува дека операторот треба да плаќа надомест и за патиштата што ќе ги оштети. Понудите нема да се отвораат јавно.

– Во минатите години овој производ бил продаван по склучен договор по постапка
со јавен повик на која е “преговарано” за условите за купо-продажба.
Со текот на времето се создавале количини од пепел кои биле многу поголеми од потребите на македонскиот
оператор кој ги купувал. Освен тоа,
цената не била променета повеќе
години во континуитет. Ние како ново раководство ги увидовме
овие недоследности и решивме на порганизиран начин да му пристапиме на овој
проблем. Новото раководство
во РЕК Битола кое беше назначено во септември лани, затекна ситуација  купишта пепел да стојат несоодветно покриени,
а касетата во која требаше да се одлага тој нус производ не беше целосно
дооформена. Тој предизвик веќе е надминат и сега, без оглед дали ќе успееме да
го продаваме овој нус производ по пореална цена,  состојбата со третманот на пепелта е целосно
нормализирана и нејзиното одлагање во касета во РЕК Битола на дневно ниво се
одвива во согласност со рударскиот проект, тврди Узунчев.

Инаку битолското Обвинителство оформи предмет и истражува зошто огромни количини пепел со месеци останаа  непокриени  на одлагалиштето во РЕК која ветрот ја разнесуваше низ Пелагониската котлина, дали било предизвикано загадување и дали било загрозено здравјето на граѓаните.

ОЈО Битола нареди увид и вонредна инспекција, пришто беа констатирани недостатоци во мерките за спречување на емисии на прашина. Утврдена е несоодветна количина на пепел на депонијата, дел од која е оставена незаштитена, што довело до нејзино разнесување, особено при ветровито време. РЕК Битола доби рок од 30 дена за соодветно одложување и затрупување на пепелта, а „облакот“ над Битола предизвика низа реакции во јавноста.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46648
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Патриотизмот не се докажува со

07/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и на СДСМ

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за успешни реформи

07/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy