Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ потврди дека ќе вработува масовно: Поголемиот дел ќе работат во производство
Економија

ЕСМ потврди дека ќе вработува масовно: Поголемиот дел ќе работат во производство

19/12/2023

AA

АД ЕСМ со реакција во јавноста потврдува дека е објавен оглас за вработување на 500-тини работници во компанијата која е најголем произведувач на електрична енергија во државата, но од таму велат дека поголемиот дел од нив ќе работат во производниот процес.

„Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76% биле со работни места во производствениот процес, а над 23% административни работни места. Најголем процент од оние кои заминале, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.

Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат. АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12 отсто се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес“, соопшти ЕСМ.

Државната ЕСМ распиша оглас за вработување на над 500 лица на еден месец пред воспоставувањето на техничката Влада, односно на нешто повеќе од 100 дена пред изборите. Платите за нововработените ќе бидат од 30 до 60 илјади денари.

Во оваа компанија ќе може да аплицираат заинтересираните кои сакаат да работат како хигиеничари, електричари, инженери, хаус-мајстори, но и возачи и курири. Се бара кадар за Осломеј, РЕК Битола, за ХЕЦ Црн Дрим-  Струга.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy