Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ на „тенка линија“ со стратегијата за РЕК Битола: Ќе меша високоенергетски со слаб домашен јаглен
Економија

ЕСМ на „тенка линија“ со стратегијата за РЕК Битола: Ќе меша високоенергетски со слаб домашен јаглен

23/02/2024

AA

ЕСМ објави повик за набавка на висококалоричен јаглен од рекордни 1,4 милиони тони, а во тендерската документација може да се прочита дека тој ќе се меша со постоечкиот пелагониски лигнит кој ќе се ископува во рудниците на РЕК Битола. Претходно експерти предупредуваа дека ваквото комбинирање може да предизвика контраефект.

Од јагленот, чиј најголем дел се очекува да биде увезен, се бара да има висока енергетска вредност од 7.000 до 12.500 килоџули по килограм. Ова е количински далеку најголемата набавка од страна на други компании за потребите на ЕСМ, односно на РЕК Битола.

„Јагленот ќе се користи за облагородување на постоечкиот, односно ќе се меша со цел да се добие јаглен со карактеристики во рангот на проектните“, се вели во тендерската документација, каде што уште стои дека послаб јаглен од 7.000 килоџули нема да се прифаќа.

По долгогодишните ископувања во рудниците околу комбинатот сѐ потешко е да се најде квалитетен локален лигнит. ЕСМ пред две години за време на енергетската криза соопшти дека ќе увезува висококалоричен јаглен што ќе го меша (хомогенизира) со домашниот, за да добие соодветна смеса што ќе се користи во комбинатот.

Тоа беше дел од амбициозниот план на државата за справување со енергетската криза – наместо струја, да увезува енергенси, со кои ќе произведува електрична енергија во домашните капацитети и целосно ќе ги покрие домашните потреби.

Сепак поранешни раководители на РЕК Битола реагираа дека висококалоричните јаглени во комбинација со слабиот пелагонсики лигнит може да предизвикаат оштетувања во опремата на блоковите и застој во производството. Од таму и големиот број на тендери за адитиви и други материјали за отстранување на згурата во котелот на блоковите која што предизвикува застој во работата.

„Доколку се земе во предвид дека и
годинава како и лани, планирано е зголемено производство на електрична енергија
од РЕК Битола, а рудниците ПЈС Суводол и Брод – Гнеотино имаат можност да
испорачаат околу 4.000.000 тони јаглен, тогаш разликата до потребите околу
6.000.000 тони јаглен за непречена работа на Термоелектраните на РЕК Битола се
надополнува со јаглен од увоз. Скоро идентична количина на јаглен беше увезена
за потребите на РЕК Битола и минатата година“, гласи одговорот кој го добивме 

За период пократок од шест месеци „Марковски компани“ на Борче Марковски доби три тендери од ЕСМ во вредност од 80 милиони евра за ископ на јаловина и лигнит во рудницитена РЕК Битола. Од опозицијата реагираа дека „Марковски компани“ ќе го добие и овој повик за набавка на 1,4 милиони тони јаглен и дека за тоа ќе наплати 100 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy