Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола
Економија

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

09/01/2025

AA

АД ЕСМ потврди дека е склучен „договор во четири очи“ со градежната фирма „Топлина Подмолје“ за ископ на јаловина и јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола.

„Топлина Подмолје“,според денешната реакција на државните електрани, ќе биде привремена замена за „Марковски Компани“ со кого пред еден месец беше раскинат договорот од 46 милиони евра.

– АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик за истиот предмет на набавка, за кој постапката за избор на изведувач е сè уште во тек. 

Изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки  испратена до АД ЕСМ на 17 декември, 2024 година, преку постапка со преговарање во случај на крајна итност, согласно член 55, став 1 од Законот за јавни набавки. Итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“- согласно планот за производство.

За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи- редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Најниска цена за услугите понудила фирмата  „Топлина“. Според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за околу 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец – РЕК Битола еднострано ја раскина соработката заради непочитување на одредбите од договорот, објави ЕСМ.                                                 

Според објавата на Бирото за јавни набавки, склучена е рамковна спогодба со вкупна вредност од околу 1,15 милиони евра. Овој договор е ограничен на шест месеци, што е поразлично од вообичаената практика каде договорите се потпишуваат на една до две години. Вредноста на новиот договор е значително помала во споредба со претходниот договор од 46 милиони евра, кој беше потпишан со фирмата „Марковски компани“.

Минатиот месец, РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски компани“, објаснувајќи ја одлуката со „неодговорното постапување“ на фирмата која не ги исполнила своите обврски, што ја загрозило енергетската стабилност на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy