Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ купува струја од најмалку 12 милиони евра за три и пол недели
Економија

ЕСМ купува струја од најмалку 12 милиони евра за три и пол недели

27/12/2023

AA

АД ЕСМ во огласи за набавка на електрична енергија за периодот од 21 декември до 14 јануари бара од приватните трговци да купи струја од неверојатни 126.000 мегаватчасови.

Доколку електричната енергија од снабдувачите се купува, под претпоставка, по 100 евра од мегаватчас, иако и тоа би било под идеални околности, трошоците за три и пол недели во овој период од грејната сезона би изнесувале повеќе од 12 милиони евра.

Главната набавка е поделена на шест лота, од кои два од 21 до 31 декември, вторите два од 1 до 7 јануари, додека последните два се распределени од 8 до 14 декември и се плаќа авансно. За периодот од 21 декември до Нова Година се бара најголемо количество од дури 51.000 мегаватчасови. Има и уште една посебна вонредна набавка за периодот од 24 до 26 декември во која се бараат 10.080 мегаватчасови.

Инаку педесет и седум евра за мегават-час е цената што ЕСМ ја понуди на тендерот на Универзалниот снабдувач, „ЕВН хоум“. По оваа цена, во првите шест месеци од наредната година, државните електрани ќе ја продаваат својата електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Цената што ја понуди ЕСМ е за 7,5 отсто повисока од сегашната која изнесува 53 отсто и која беше добиена во јуни годинава. ЕСМ за цената од 57 евра за мегават-час ќе покрива 95 отсто од вкупно планираните количини.

Од она што е познато во јавноста, иако нема официјална потврда, надвор од функција е првиот од трите блока на РЕК Битола. Од опозицијата пред неколку дена реагираа дека Блок 2 и Блок 3 немаат јаглен за работа и работат со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум, за што се очекува и реакција од раководството на државните електрани.

Од опозицијата ги повикаа Јавното обвинителство, Државниот пазарен инспекторат, Царината и другите инспекциски институции да направат испитување на состојбата, затоа што се прават милионски трошоци и се зголемува нивото на загадување.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА НУ „ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ“ – КРУШЕВО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45896
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува опозиција да се однесува одговорно

30/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за правда да се даде втора шанса на процесот за Изборниот законик, но цени

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на опозицијата на дијалогот за Изборниот

30/09/2026

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА 67 ПАТНИЦИ Паушалните споредби се

30/09/2026

После 14 години Владата обезбеди нови автобуси што ќе помогнат во намалување на загадувањето, решавање на сообраќајниот метеж и подобрување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy