
ЕСМ ќе му продава струја на ЕВН за 53 евра по мегаватчас
АД ЕСМ на денешниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН му доставил понуда од 53 евра за мегаватчас пред одлуката на Регулаторна комисија за енергетика по колкава цена ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи електричната енергија од 1 јули.
Тоа е за околу 3 евра помалку од сегашната цена која изнесува 56 евра за мегават час. Од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните за струја во следните 6 месеци.
Во промената на цената треба да се вкалкулираат и барањата за мрежарина од ЕВН и за покривање на загубите од Електродистрибуција. Треба да се земе во предвид дека и ДДВ за струја се враќа од 10 на 18 отсто.
Иако се најавуваше, враќање на евтина струја нема да има од 1 јули. Новата цена на струјата ќе се соопшти следната недела.