Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ ЌЕ ДОСТАВУВА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ДО ИНВЕСТИТОРОТ – бурни реакции по објавувањето на законите за стратешки инвестиции
Економија

ЕСМ ЌЕ ДОСТАВУВА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ДО ИНВЕСТИТОРОТ – бурни реакции по објавувањето на законите за стратешки инвестиции

06/02/2024

AA

Уште не стартува
разгледувањето на законите за стратешките инвестиции, бура од реакции во јавноста,
од кои најголемиот дел негативни. Иако станува збор за големи инвестиции, кои
треба да ја подобрат енеретската стабилност на земјата, инженерите велат дека
се даваат премногу предности на инвеститорите, а за возврат државата не станува
сопственик на централите.

Фактор веќе
објави дел од деталите во законите, меѓу кои вредноста на инвестициите, гаранциите,
можноста Владата биде носител на позајмиците, грантот кој го дава за една од инвестициите…
 

ЕСМ ЌЕ
ДОСТАВУВА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ДО АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ

Договорот за проектот АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ,
кој треба да никне во општините Петровец, Могила, Неготино, Илинден,
Гевгелија и Кичево, на државно земјиште доставен во
Собранието открива уште една голема „поволност“ за инвеститорот. За
потсетување, овој инвеститор треба да гради постојка која ќе користи соларна
енергија, мотори на гас, технологија компатибилна и со водород и батерии за
балансирање на мрежата.

Имено, покрај ниската цена за изнајмување
на државното земјиште, со Договрот државната ЕСМ ќе биде обврзната да му даде банкарска
гаранција на инвеститорот
.

– 
Акционерското
друштво, најдоцна 3 месеци по стапувањето на сила на Законот за АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ
до стратешкиот инвеститор доставува Безусловна, неотповиклива, револвинг
банкарска гаранција (чинидбена гаранција) еквивалентна на 3 месечниот износ од
вкупниот проектиран приход од инсталирана електрична и топлинска енергија со
што ќе ги обезбеди плаќањата на купувачот врз основа на вкупната вредност на
Договор за откуп на енергија од двете фази.
Доколку Акционерското друштво не ја
достави гаранцијата, должно е да ја покрие материјалната штета (обична штета и
изгубена добивка) на стратешкиот инвеститор – пишува во Договорот.

Претходно во договор
пишува дека Акционерското друштво (од член 23) е Акционерското друштво за
производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна
сопственост.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ МУ ПЛАЌА 4 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО НА МИТИЛИНЕОС

Митилинеос,
постојка која треба да се гради во Гази Баба, добива скоро 50 милиони евра грант
од државата, но договорот за оваа инвестиција предизвика бурни реакции од
инженерите. Здружението Инженери на
Република Македонија упати допис до секој пратеник, со барање да не се даде
поддршка на овие закони кои го нарушуваат енергетскиот суверенитет на Македонија.

– 
Енергетските проекти можеме и мораме
да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши, со цел да се
зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори
за државен суверенитет – пишуваат инженерите.

Посочуваат дека со помали ризици и поекономичен приод
истите проекти може државата сама да ги реализира.

– 
Гасна когенеративна електрана со
електрична моќност од 165 MW чини околу 180 милиони евра (според сегашните
пазарни цени), а во предлог законот е истакнат износ од 290 милиони евра.
За
потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона
Енергија Скопје во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини
од 115.000 м2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно
уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни
води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20
милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична
цена од само 10 денари/m2
, при што Македонија се обврзува да врши одржување и
обезбедување на индустриската зона – потенцираат инженерите.

Дополнуваат дека Македонија, а не Митилинеос, по 2030
година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија
на СО2.

– Се обврзуваме дури на Митилинеос да му
платиме за преземање на 1.000 MWh електрична и 275 MWh топлинска енергија. Македонија
годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра затоа што цените со која Договорот
не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се за 15 до 35 отсто повисоки од
берзанските
– се наведува во писмото.

Исто така истакнуваат оти Македонија ќе му плаќа на
Митилинеос 4 милиони евра годишно за старт на постројката. Митилинеос добива
загарантиран профит над 40 милиони евра годишно без ризик од одлуките на нашиот
правен систем
, бидејќи со предложениот Закон сите одлуки на Врховниот суд ќе
бидат неважечки, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија.

Појаснуваат дека предвидени се бројни пенали што
Македонија ќе треба да му ги плаќа на Митилинеос ако не исполни некоја своја
обврска. Според нивни пресметки, Митилинеос ќе има чист профит од најмалку 1,2
милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство,
а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија.

Слична реакција имаше и професорот Константин Димитров –
Кокан, кој во својата колумна нагласува неколку негативни аспекти на понудениот
договоро за оваа инвестиција.

– 
Кои се придобивките на граѓаните во Македонија, особено во Скопје, со
изградбата на оваа постројка? Ќе купуваме електрична и топлинска енергија со
гарантирано количество и со пазарна цена (а можеби и малку поскапо). Ако не ја
преземеме од редица причини (перфектно наброени во договорот), пак ќе му
платиме како да ја произвел и испорачал. За да биде јасно колку треба да му
платиме на овој стратегиски партнер на годишно ниво и за време на периодот за
концесија, основната пресметка за споредба е цената на АД ЕСМ и просечната
пазарна цена: На годишно ниво, како разлика во цените е сумата од 94 милиони
евра. За 30 години, таа разлика е речиси три милијарди евра (2.825 милиони). Timeo danaos ed porta ferentes!
– потенцира професрот.

Законите
за стратешките инвестици треба да се најдат по скратена постапка пред
пратениците во среда. Во меѓувреме денеска е планирана средба на инвеститорите во
Влада со владините претставници Фатмир Битиќи и Јован Деспотовски.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy