Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ богати грчки трговци со јаглен, додека се подготвува новиот рудник
Економија

ЕСМ богати грчки трговци со јаглен, додека се подготвува новиот рудник

14/05/2025

AA

Двете грчки фирми од кои ЕСМ купува увозен јаглен за потребите на РЕК Битола во минатата година направиле заеднички вкупен приход од повеќе од 90 милиони евра. Дуото трговци кое „доминира“ во јавните повици за доставување на јаглен се етаблира во Македонија во последните една-две години по речиси целосното исцрпување на резервите од постоечките рудници.

„Протергиа Енерџи“, чиј сопственик е грчки Митилинеос, а е со седиште во Скопје, за 2024 има приходи од 75 милиони евра и раст на продажбата за 90 отсто. Треба да се каже дека оваа компанија се занимава и со продажба на електрична енергија, но тоа е многу помалку во однос на продадениот јаглен. Добивката е 13,1 милиони евра и сето тоа со само двајца официјално вработени.

„Никопоулос“ од Битола исклучиво работи со увоз на грчки јаглен за потребите на РЕК Битола. Има раст од 232 отсто на продажбата и остварени приходи од околу 16,5 милиони евра со официјално 6 вработени.

Поради свеста за големите трошоци кои се прават со увозот на јагленот од Грција, ЕСМ подготвува барање за експлоатација на нов рудник кај Живојно во Битола, за каде геолозите се сигурни дека има наоѓалиште од 24 милиони тони јаглен за неколку години.

Веќе беше јавно кажано дека квалитетот на јагленот е подобар од оној што сега секојдневно се носи со камиони од Грција преку граничниот премин Меџитлија за производство на струја во РЕК „Битола“.

Новото раководство на ЕСМ информираше дека затекнало висока зависност од увоз на јаглен. Повеќе од 2 милиони тони или 40 отсто од потребите за РЕК „Битола“ – треба да бидат набавени од надворешни извори, што на краток и на среден рок се оценува како економски неприфатливо и неодржливо решение за компанијата. Експлоатацијата во Живојно, од друга страна, ќе овозможи економски исплатлив транспорт и понизок јаглероден отпечаток во споредба со увозот.

Според АД ЕСМ експлоатацијата на јаглен во близина на Живојно, претставува единствено решение за комплетно покривање на потребите од овој енергенс од сопствено производство. Беше кажано дека експлоатација на јагленот во Живојно ќе се одвива во период од седум години, првите три години ќе бидат за подготвителни работи за целосна експлоатација на јаловината, а потоа четири години ќе се копа јаглен. 

„Деталните и долгогодишни геолошки истражувања потврдуваат значителни резерви на висококвалитетен јаглен на таа локација во непосредна близина на ТЕ Битола. Врз основа на овие испитувања, изработена е обемна рударско-техничка документација која ја потврдува техничката изводливост и економската оправданост за отворање на современ рудник. Во услови на високи цени на електричната енергија на меѓународните берзи, обезбедувањето стабилно и економски исплатливо домашно производство на краток рок е врвен национален приоритет. Соочувајќи се со предизвиците во снабдувањето со јаглен од постојните извори и компликациите поврзани со увозот, потребата за ефикасно, евтино и еколошки поприфатливо решение од домашни извори станува клучна за стабилен енергетски систем“, информираат од РЕК Битола.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy