
Ешли Кол се врати во фудбалот и тоа во – англиската репрезентација!
Покрај Ешли Кол во стручниот штаб на Англија ќе пристигне и Џолеон Лескот. Карсли на клупата на Англија пристигна како привремен селектор пред почетокот на Лигата на Нации откако замина Герет Саутгејт.
Во дресот на Англија, Кол собра 107 настапи и играше на три Светски првенства (2002, 2006, 2010) и две Европски (2004, 2012). Лескот за Англија запиша 26 натпревари и беше дел од Европското првенство во 2012 година.
Англија во наредниот период ја очекуваат натпревари од Лигата на Нации каде што е во група со Финска, Ирска и Грција.
