
ЕШЕРИХИЈА ГО СОБОРИ МЕКДОНАЛДС: Падна вредноста на акциите
Акциите на Мекдоналдс драстично паднаа во предпазарното тргување во средата, бидејќи инвеститорите ги разгледуваа новите извештаи за појава на ешерихија коли поврзана со компанијата.
Според Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), имало 49 случаи на луѓе кои се разболеле после јадење во Мекдоналдс во десет американски држави, при што десет лица биле хоспитализирани, а едно лице починало.
Се наведува дека повеќето од засегнатите луѓе јаделе Мекдоналдс Quarter Pounders. ЦДЦ сè уште истражува за да утврди која прехранбена состојка била контаминирана.
Акциите на компанијата се намалија за 5,97 отсто во 4:16 часот по ET за време на претпазарното тргување и се тргуваа за 314,69 долари, пренесува Teletrader.