Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ердоган: Хамас е група „муџахедини ослободители“, вразумете го Израел
Регион

Ердоган: Хамас е група „муџахедини ослободители“, вразумете го Израел

26/10/2023

AA

Светот е поголем од петте постојани членки на Советот за безбедност, вразумете го Израел, вели турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Ердоган ги обвини државите надвор од регионот на Блискиот Исток дека само „долеваат масло на огнот“ со пружањето поддршка на Израел, додавајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) заедно со Израел ќе ја изгубат оваа војна бидејќи се против правдата и порача дека неговата земја никогаш нема да ги одобри злосторствата на Израел.

„Речиси половина од убиените во израелските напади во Газа досега се деца, што покажува дека целта е планска бруталност во извршувањето злосторства против човештвото“, оцени Ердоган во Анкара.

Ердоган го повтори својот став дека „Хамас не е терористичка организација“, туку група „муџахедини ослободители“ кои се борат да ги заштитат својата територија и луѓето.

„Заедничко дејствување на исламските земји би довело најпрво до примирје, а потоа до траен мир на Блискиот Исток“, смета Ердоган.

Кажа дека Турција е спремна да биде еден од гарантите на мирот за палестинската страна.

Во Појасот Газа денеска влегоа 12 камиони со хуманитарна помош, јавија локалните медиуми. Во камионите има храна, вода и лекови, пишува Тајмс оф Израел. Со тоа бројот на камиони со хуманитарна помош што влегоа во Газа изнесува 74.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денеска во напад на Појасот Газа го убиле заменик-шефот на Дирекцијата за разузнавање на Хамас, Шади Баруд, пренесува „Тајмс оф Израел“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy