Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023
Македонија

Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023

31/01/2023

AA

Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција.
Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.

„ТАВ како аеродромски оператор секогаш топло ги пречекува одлуките на авиокомпаниите за нови или обновени авиолинии и летови. Среќни сме што Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид повторно ќе ја додаде оваа авиолинија во својата мрежа и ќе го опслужува летот Белград-Охрид-Белград, на кој ќе лета Ер Србија, откако беше стопиран во 2017-та година. Оваа авио-конекција ќе значи дека туристи од Србија ќе можат да патуваат до Охрид со авион и да ја посетат околината и регионот на Охридското Езеро на побрз и поудобен начин.  Понатаму, оваа линија дополнително ќе отвори нови дестинации за нашите граѓани и за луѓето во гравитациската зона на охридскиот регион бидејќи Ер Србија лета до преку 70 дестинации во Европа, Медитеранот, Северна Америка, Азија и Африка, што претставува уште една предност и погодност за нашите патници.“ – изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Авионските билети за оваа обновена авионска линија се во продажба и може да се резервираат на веб-страницата на Ер Србија, https://www.airserbia.com/en/destinations/flights-to-ohrid, како и на мобилната апликација на Ер Србија, достапна и за Android и за iOS.

Како што изјавија претставниците на Ер Србија, враќањето на Охрид во мрежата на летови на авиокомпанијата е одлично дополнување и тие се уверени дека патниците се радуваат за оваа услуга од Охрид и се воодушевени што овој фасцинантен град ќе биде попристапен.

„Во текот на 2023 година, Ер Србија во својата мрежа ќе додаде преку 20 нови дестинации кои што не беа на редот на летање во 2022 година, а особено ни е задоволство што Охрид е меѓу овие дестинации.  Летовите меѓу Белград и Охрид ќе сообраќаат четири пати неделно и ќе овозможат патниците од регионот и низ Европа да ги искусат охридските културни и историски места и атракции,“ изјави Бошко Рупиќ, Генерален директор за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија.

Со оваа нова авио-линија од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, како и со најавите за нови линии од Меѓународниот Аеродром Скопје, ТАВ Македонија очекува фрекфетна летна сезона и очекува 2033-та да биде година на целосно пост-пандемиско закрепнување.

Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ја завршија 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај достигнувајќи приближно 2,4 милиони патници или вкупно опслужија 2.371.423 патници и 19.448 летови.

Моментално, 11 авиокомпании летаат од Меѓународниот Аеродром Скопје (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet) до 36 дестинации, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, две авиокомпании (Wizz Air, Chair Airlines) летаат до 4 дестинации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Тивок повик“ преку QR кодови: Како радикалите регрутираат млади во

21/12/2025
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ КООРДИНИРААТ, ОДГОВОРНОСТИТЕ ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ Состанок во

21/12/2025
Македонија

„Метлата“ на Ахмети ги исчисти „ветераните“: Џафери, Беџети и Дураку

21/12/2025
Македонија

ЕК спушти „рампа“ за ИПАРД 3? Висат 97 милиони евра

21/12/2025
Македонија

ОБРАЗОВАНИЕТО НА МАЈЧИН ЈАЗИК Е ДЛАБОКА ЦИВИЛИЗАЦИСКА ВРЕДНОСТ Мицкоски го

21/12/2025
Македонија

ВИДЕО Детали за несреќата кај Желино: Судир на два камиони,

21/12/2025
Македонија

„Ало 194, се гушиме“: Телефоните на Итната помош вжештени, лекарите

21/12/2025
Македонија

Расчистен грабежот во Гостивар: Тројка „олеснила“ куќа за 65.000 евра

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39262
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Тивок повик“ преку QR кодови: Како радикалите регрутираат млади во Македонија додека МВР брои рекорден

21/12/2025

Додека државата на хартија подготвува нов закон за следење на онлајн просторот, на терен се одвива „тивок лов“ на млади

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ КООРДИНИРААТ, ОДГОВОРНОСТИТЕ ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ Состанок во Владата за приоритетите од Реформската

21/12/2025

Во Владата денеска се одржа состанок за тековните приоритети од Реформската агендa, информира премиерот Христијан Мицкоски. „Денеска одржавме неделен состанок

„Метлата“ на Ахмети ги исчисти „ветераните“: Џафери, Беџети и Дураку без функции – Бадентер за

21/12/2025

Конгресот на ДУИ донесе драстични кадровски промени кои во јавноста се толкуваат како обид за рефреширање на партијата по изборниот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy