Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Епски резултат на мала банка! Кој ја зголеми довербата на штедачите за 10% во една година?
Економија

Епски резултат на мала банка! Кој ја зголеми довербата на штедачите за 10% во една година?

17/02/2025

AA

Раст на нето приходи од камати, зголемени нето приходи од провизии и надоместоци. Двоцифрено, во проценти, зголемени трошоци за вработени што укажува на грижа за кадарот што работи во банката. За 30% повисоки вложувања во хартии од вредност (пред се државни записи и обврзници н.з.), зголемено кредитирање. Генерално успешна година на ЦКБ Банка во силната конкуренција на средни и мали банки

Централна кооперативна банка (ЦКБ) има успешна деловна година по повеќе параметри, покажуваат податоците од финансиските извештаи за 2024 година објавени на СЕИ НЕТ сервисот на Македонската берза.

ЦКБ банка лани успеала да ја подобри својата пазарна позиција во острата конкуренција на македонскиот банкарски пазар односно ги зголемила нето приходите од двата најважни извори на средства. Нето приходите од камати лани пораснале за 10 отсто и од нив банката инкасирала 5,35 милиони евра. Од провизии и надоместоци ЦКБ инкасирала нешто над 2 милиони евра што е за 1,5 отсто подобро од претходната година.

И покрај растот на приходите од двете најважни ставки ЦКБ остварила помала добивка лани во однос на 2023 година. Но анализата на ставките од билансот на успех покажува дека намалената добивка всушност во најзначајна мерка е резултат на зголемената грижа на банката за своите вработени. Трошоците за вработените лани изнесувале 3,34 милиони евра и се за 11 отсто повисоки од 2023 година. Но лојален и мотивиран вработен е вложување, а не трошок за компанијата.

Истовремено и делумно, но во помала мерка од трошоците за вработени, на намалената добивка влијааат и трошоците за резервации за дадени кредити. Резервациите се мал трошок и банката за таа намена на крај на 2024 година издвоила 89.000 евра.

Добивката за 2024 година изнесува 713.000 евра што е за 19 отсто пониско од претходната година. Но податоците од билансите покажуваат дека нема простор за грижа на акционерите затоа банката ја подобрува својата пазарна позиција на што укажува растот на приходите од камати и надоместоци односно провизии, а истовремено преку зголемените трошоци за вработени ги прави лојални и задоволни најважните ресурсни – човечките ресурси.

Клучна придобивка на ЦКБ Банка лани е интензивниот раст на довербата на штедачите односно коминтентите. Депозитната база на банката на крај на 2024 година достигна 177,2 милиони евра и за 10 отсто поголема од претходната година. Ова укажува дека деловната политика во делот на привлекување депонентни дала резултат и банката прибрала значајна сума на средства од штедачи. Тие средства од друга страна се раст на обврските за исплата на камати, но воедно се и потенцијал на банката за вложувања.

Во 2024 година банката особено ги зголемила своите вложувања во хартии од вредност. Тука всушност станува збор за вложувања во државни записи или обврзници. На крај на 2024 година вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 40 милиони евра и се за 30 отсто повисоки од претходната 2023 година.

Кредитирањето за една година е зголемено за 3 отсто и изнесува 125 милиони евра на крај на анализираниот период односно на крај на 2024 година.

Вкупната актива на оваа банка на крај на 2024 година изнесува 212,3 милиони евра, а важно е да се истакне дека во тек на годината речиси се сведени на нула депозитите на други банки во ЦКБ Банка. А изнесувале над 10 милиони евра на крај на 2023 година.

Воедно субординираните обвски (кон мајката н.з.) изнесуваат нешто повеќе од 6 милиони евра на крај на 2024 година.

ЦКБ Банка на крај на 2024 година има акумулирана загуба од 2,78 милиони евра покажува билансот на состојба достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
Македонија

Вработените во секторот за игри на среќа најавуваат протести и

29/06/2026
Македонија

Растат производствените цени во индустријата – економистите предупредуваат на можни

29/06/2026
Македонија

Земјоделците алармираат: Нискиот род и откупните цени ја загрозуваат жетвата

29/06/2026
Македонија

Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа: Нови

29/06/2026
Македонија

Приведени 10 лица во едно деноноќие – кај нив била

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието ги усвои измените на Законот

29/06/2026

Македонските компании од 1 јули ќе плаќаат пониски царини за увоз на 70 суровини и репроматеријали, откако Собранието денеска ги

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се унапредува системот за органодарителство

29/06/2026

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига над Скопје!

29/06/2026

Голем пожар избувна попладнево во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издига над местото и е видлив

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy