
Епска последна четвртина на Звезда за прва победа во Болоња
Тоа е прв триумф за белградскиот тим во Болоња во еден евролигашки натпревар, а дојде по големиот пресврт во последните седум минути од мечот. Виртус водеше со 75-65 кога на сцена стапи Ајзеа Кенан и ги поведе своите соиграчи кон победата.
Во тие седум минути Звезда направи 29-12, а во цел последен период постигна неверојатни 37 поени што сигурно е еден од најдобрите четвртини во историјата на клубот кога станува збор за евролигашки натпревар.
Кенан на крајот имаше 26 поени, но голем придонес имаше Лука Митровиќ кој во првото полувреме беше фантастичен, а заврши со 21 поен. Шенгелија долго време го водеше Виртус, постигна 25 поени и имаше помош од Клајбурн кој оствари дабл дабл со 19 поени и 12 скока, но во финишот тоа не беше доволно.
Во последниот натпревар од вечерашната програма од Евролигата, Олимпија Милано го совлада Асвел со 92-84 за седма победа во последните осум натпревари. Ненад Димитријевиќ не се истакна премногу бидејќи за повеќе од 19 минути во игра постигна само четири поени.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Алба 100-80
Олимпијакос – Париз 90-96
Виртус – Црвена Звезда 87-94
Олимпија Милано – Асвел 92-84

