Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕОС Матрикс: Раст од 18% на наплатата на побарувањата на секундарниот финансиски пазар
Македонија

ЕОС Матрикс: Раст од 18% на наплатата на побарувањата на секундарниот финансиски пазар

27/02/2025

AA

Наплатата на побарувањата на секундарниот финансиски пазар расте. Минатата година успешната наплата на ризични побарувања во портфолиото на ЕОС Матрикс се зголеми за околу 18% во однос на 2023 година. Позитивните финансиски резултати значително придонесуваат за подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании, ја зголемуваат конкурентноста на македонските компании на домашниот и странските пазари и позитивно влијаат на развојот на националната економија.

Покрај растот на наплатата на побарувањата на секундарниот финансиски пазар, расте и обемот на нови побарувања преземени во 2024 година во споредба со претходната година, и тоа за 19%. Нивната номинална вредност е зголемена за околу 42%.

„Експертизата, иновативниот пристап и континуираната едукација во насока на развој на нови модели за успешна наплата на побарувањето и нивна трансформација во средства кои ќе бидат ставени во функција на развојот, даваат резултати. Ние континуирано вложуваме и во нови технологии и алатки базирани на вештачка интелигенција кои ги прошируваат можностите и ни нудат нови решенија со кои можеме да креираме модели во интерес на сите инволвирани страни. Веруваме дека секундарниот финансиски пазар има дополнителен потенцијал и ние ќе работиме на негово искористување во функција на развој“, изјави д-р Катерина Бошевска,
извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.

ЕОС Матрикс минатата година успешно затвори 3.000 случаи на побарувања на граѓани и компании. Вкупниот број на затворени случаи од почетокот на работењето на компанијата надмина 30.000, со што компанијата ја потврдува значајната улога на пазарот. Во насока на дополнително зголемување на ефикасноста на наплатата на побарувањето, компанијата ја лансираше и апликацијата „My EOS“. Апликацијата е развиена на корисниците да им обезбеди брз пристап до нивните финансиски податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализација на нови трансакции. ЕОС Матрикс веќе ја има и алатката "ogGPT" за генеративна вештачка интелигенција која исто така дава придонес за развојот на пазарот.

ЕОС Матрикс Македонија е единствена компанија во финансискиот сектор која го
имплементираше меѓународниот стандард ISO 27701:2019 и работи согласно високите
принципи на заштита што ги гарантира овој стандард, а кој исто така овозможува и проценка на ризиците и поголема контрола.

„Покажавме дека одредени побарувања можат да се стават во функција преку паметни
финансиски модели и во таа насока ќе продолжиме. Остануваме фокусирани на вложување во одржливи решенија и натамошен развој на пазарот“ додава д-р Бошевска.

Компанијата останува фокусирана на натамошна имплементација и на ЕCГ стандардите во насока на одржлив развој. Највисока цел на ЕСГ концептот е преку системски промени да иницира иновации и развој на начин кој е праведен и кој е насочен кон просперитет.

ЕОС Матрикс Македонија е дел од Групацијата ЕОС која е присутна на повеќе од 20 пазари и управува со портфолио инвестиции од околу 510 милиони евра. Големото искуство и експертиза што го поседува оваа групацијата го применува и ЕОС Матрикс Македонија, благодарение на што компанијата во континуитет помага во развојот на секундарниот финансиски пазар во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy