
Енрике е убеден дека ПСЖ ќе ја расплаче Барселона на „Камп Ноу“
Енрике е убеден дека парижаните ќе остварат победа на „Камп Ноу“ со која ќе обезбедат место меѓу четирите најдобри тимови во елитното натпреварување.
„Резултатот од првиот натпревар не ја дава целосната слика за случувањата на теренот, не заслуживме пораз и тоа ќе го докажеме во реваншот. Убедени сме дека ќе направиме пресврт. Не сум загрижен за тоа како ќе ме пречекаат навивачите во Барселона“, кажа Енрике.
Натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ на „Камп Ноу“ се игра во вторник од 21 часот.
