Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Енинфул ја напушта функцијата главен уредник на британски „Вог“
Магазин

Енинфул ја напушта функцијата главен уредник на британски „Вог“

06/06/2023

AA

 

Едвард Енинфул се повлекува од функцијата главен уредник на британскиот „Вог“ откако шест години се обидуваше да ги помести границите во култниот моден магазин.

Тој ќе остане во британското издание како советник, но од следната година ќе се префрли на новосоздадена позиција, чија цел е ширење на брендот на глобално ниво.

Неговото ново портфолио како глобален креативен и културен советник на „Вог“ исто така ќе му овозможи да презема надворешни проекти.

Во допис до персоналот Енинфул соопшти дека ќе поднесе оставка како главен уредник и дека ќе преземе советодавна функција. Тој нагласува дека ќе продолжи да придонесува за креативниот успех на брендот на глобално ниво.

Сè уште не е објавено кој ќе го замени.

Афробританскиот креативец (51), по потекло од Гана, е првиот маж на врвот на британскиот моден магазин. Многумина го нарекуваат првак од висок профил за поголема инклузивност во модната индустрија.

Кариерата ја почна на 18-годишна возраст, а Ана Винтур го ангажира во американскиот „Вог“ пред да биде именуван за главен уредник на британскиот во 2017 година.

Во текот на шесте години на чело на магазинот тој се залагаше за диверзитет. Под негова палка „Вог“ првпат претстави трансродова манекенка. Тимоти Шаламе стана првиот маж на насловната страница, а Шинид Барк првата личност со видлив инвалидитет, која се појавила на насловна.

На корицата на мајското издание се појавија пет лица со инвалидитет.

Ганско-британскиот креативец ќе премине во новосоздадената улога како глобален креативен советник на „Вог“, со фокус на проширување на брендот на меѓународно ниво. Енинфул исто така ќе има можност да продолжи со надворешни проекти заедно со советодавните должности.

Се шпекулира дека Енинфул се решил на ваков потег поради несогласувањата со главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур, на која не ѝ се допаѓало тоа што Едвард сакал да иницира промени во магазинот.

Неофицијално, како што објавија британските медиуми, имало борба за моќ во обидите да се направат радикални промени во највлијателниот светски моден магазин.

Неговите идеи не добиле зелено светло од најмоќната модна уредничка во светот, која ги држи сите конци во рацете кога се во прашање Vogue и другите модни изданија на Condé Nast.

Познавачите велат дека Едвард Енинфул е единствената вистинска закана за Ана Винтур и, најверојатно, ќе ја замени на челната позиција.

Авторитетот во модата почна како неделен весник пред повеќе од еден век, а денес има 28 глобални изданија. Минатата година прослави 130 години постоење.

 
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy