
ЕНИГМА: Како четиринаесетгодишното момче воопшто дошло до оружјето?
РТС Свет има емисија во живо во која се анализираат причините поради кои четиринаесетгодишниот Коста уби соученици и чувар, а потешко повреди соученици и наставничка.
Според психологот со кој разговараа, детето најверојатно било под притисок и имало проблеми за кои немало решение.
-Можно е да е злоставувано, да било под притисок од родителите или пак да било исмејувано од соучениците. Дополнително прашање како му било достапно такво оружје на малолетно дете – истакна психологот.
Во Србија се отвара и дебата околу начинот на користење и поседување на оружје.
Во моментов пред училиштето има родители на деца, кои се загрижени за нивната состојба.
Коста уби осум деца, еден чувар а повредени се повеќе деца.

