Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка
Економија

Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка

18/11/2024

AA

Македонската и
косовската влада одржаа заедничка меѓувладина седница во Приштина по која се потпишаа протоколи и меморандуми за
соработка.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на
Македонија и Министерството
за економија на Република Косово, потпишаа Меморандум со кој се поставуваат
темелите за интензивирање на билатералната соработка во енергетскиот сектор. На потпишувањето присуствуваа и премиерите на двете
земји, Христијан Мицкоски и Албин Курти.

Меморандумот го истакнува заедничкиот интерес на двете земји за развој
на стратешко партнерство во енергетиката преку усогласени политики и активности
кои ќе придонесат за економски раст, енергетска сигурност и рационално
користење на природните ресурси.

Со потпишувањето на овој документ, Македонија и Косово се обврзаа да
соработуваат на повеќе клучни области, вклучувајќи:

  • Промоција на обновливи извори на
    енергија и енергетска ефикасност.
  • Размена на експертиза и информации меѓу
    јавните компании.
  • Развој на инфраструктурни проекти од
    заеднички интерес.
  • Истражување на можностите за размена на
    електрична енергија и ресурси.

„Со овој меморандум ги зајакнуваме не само нашите енергетски системи,
туку и нашата визија за стабилен, одржлив и поврзан регион. Уверени сме дека
оваа соработка ќе донесе значителни придобивки за двете земји и ќе послужи како
пример за партнерство во Југоисточна Европа.“, истакна Министерката Сања Божиновска.

Меморандумот ја нагласува важноста на енергетската транзиција и
неопходноста од заеднички напори за одговор на глобалните енергетски
предизвици, особено во контекст на климатските промени и енергетската криза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy