Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан
Економија

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

17/01/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска,
оствари работна средба со амбасадорот на Република Азербејџан за Република
Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г. Камил Касијев. На средбата
беше разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји, со акцент на
енергетиката како клучна област од заеднички интерес.

На средбата се разговараше за тековните активности на Македонија за
зголемување на енергетската независност. Министерката Божиновска истакна дека
земјата активно работи на создавање нови услови за снабдување со природен гас
по конкурентни цени и е подготвена да ги истражи можностите за продлабочување
на енергетската соработка со Азербејџан, кој се смета за значаен партнер во
регионот.

Амбасадорот на Азербејџан ја потенцираше подготвеноста на неговата земја
за продлабочување на соработката со Македонија, нагласувајќи дека државниот
врв, вклучувајќи го министерот за енергетика и претседателот на Азербејџан,
активно поддржуваат иницијативи во енергетскиот сектор.

Во текот на разговорите, беше изразена подготвеност за олеснување на
директни контакти и средби на највисоко ниво, со цел реализација на проекти од
заемен интерес. Дополнително, беше нагласено дека оваа година во Азербејџан ќе
се одржат неколку значајни средби и форуми од областа на енергетиката, при што
овие настани ќе претставуваат можност за зацврстување на соработката.

Средбата се надоврзува на неодамнешните активности за зајакнување на
билатералната соработка. Во ноември минатата година, на Самитот за климатски
промени КОП29 во Баку, министерката Божиновска и претседателката Гордана
Сиљановска Давкова остварија средба со претседателот на Азербејџан, Илхам
Алиев, кој ја изрази подготвеноста на неговата земја за соработка на
инфраструктурни проекти, особено во делот на гасификацијата на Македонија.

Дополнително, во истиот период, ЕСМ и СОКАР, државна компанија од
Република Азербејџан, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се отвораат
можности за подобрување на достапноста на природен гас и обезбедување стабилно
снабдување по конкурентни цени.

Азербејџан игра значајна улога во енергетскиот сектор на регионот, со
снабдување на природен гас преку различни интерконектори. Бугарија добива гас
од Азербејџан преку интерконекторот со Грција, што значително ја менува
енергетската карта на Европа. Србија, исто така, потпиша договори за снабдување
со азербејџански гас, со планови за испорака на 400 милиони кубни метри гас
годишно до 2026 година.

Министерството за енергетика останува посветено на градење партнерства
со цел да обезбеди стабилност и одржливост во енергетскиот сектор, како во
земјата, така и во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy