
ЗЛАТОТО ПОСКАПУВА: Ако победи Трамп цената ќе продолжи да расте
Се зголемува цената на златото. Цените на лондонската берза изнесуваат 2.141 долар за унца, надминувајќи го ценовниот рекорд поставен во декември лани. Рекордно високи се и цените на овој благороден метал во еврозоната – 1.974 евра за унца. Ова поскапување се случи за многу краток временски период. Цената на златото е одраз на сè понеизвесниот свет.
Всушност, цените на златото во минатото зависеле од американските каматни стапки. Зголемувањето на реалните каматни стапки го прави златото помалку привлечно. Големи набавки на злато има во Кина, Полска, Сингапур, Либија, Чешка и Индија.
Експертите велат дека геополитичките ризици, особено оние во Украина, Блискиот Исток и Црвеното Море, се важни двигатели на побарувачката на злато, кое има имиџ на „безбедно засолниште“ за инвеститорите.
Веројатно е дека победата на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД би можела да придонесе за континуиран раст на цената на златото. На крајот на краиштата, има голем број економисти кои очекуваат продолжување на трговската војна меѓу САД и Кина доколку Трамп повторно стане претседател, анализира „Тагешау“.