
ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ ЗА 7 ОТСТО ПОСЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ: Колку чини унца?
Нов рекорд има цената на златото.
Цената на унца злато вчера се зголеми за 0,74 отсто на 2.296,61 долари, кратко откако достигна 2.298,91 долари, ново највисоко ниво на сите времиња. Цената во последните денови се зголеми за повеќе од седум отсто.
Цената на златото е фаворизирана од слабоста на американскиот долар и зајакнувањето на геополитичките тензии.
Голем купувач е Централната банка на Русија, која го зголеми учеството на златото во своите резерви од 20 отсто во 2020 година на 24,5 отсто сега.
Се очекува дека цената уште ќе расте. Оваа година освен златото, се зголеми и цената на среброто.