
Жестока шлаканица за Динамо и тоа од „филијалата“
Локомотива со години важи за филијала на „модрите“ и ривал против кого Динамо редовно стигнува до бодовите, но овојпат излезе дека не е така. Блескаше поранешниот играч на Динамо, Дује Чоп кој постигна хет-трик, погодувајќи во петтата, седмата и 87. минута од натпреварот.
Македонските интернационалци беа стартери за Динамо, со тоа што Ристовски го одигра цел меч, а Адеми беше заменет во 77. минута. Актуелниот шампион и натаму има седум бода негатива во однос на лидерот Хајдук, но сега со еден натпревар помалку.