
ЖЕНА ПОМИНА 24 ГОДИНИ ВО КОМА, ПА ПОЧИНА! Пронајдена е без документи, никој никогаш не ја побарал: Мистеријата на НЕПОЗНАТАТА личност сè уште предизвикува морници!
Докторот Хорхе Патрак, кој со години се грижеше за непознатата жена, ја потврди тажната вест за нејзиниот случај.
Во бразилскиот град Виторија, во 2000 година, имаше случај кој предизвика големо внимание во јавноста. На Денот на вљубените, 12 јуни, жена беше пронајдена прегазена без никакви документи, а нејзината точна идентификација се уште останува мистерија.
Идентитетот на непознатата жена
Докторот Хорхе Патрак, кој со години се грижеше за непознатата жена, ја потврди тажната вест за нејзиниот случај. Медицинскиот персонал наречен „Клариња“, жената била пронајдена во вегетативна состојба и хоспитализирана во болницата на воената полиција во Виторија. Иако властите презеле голем број чекори за идентификација на жената, нејзиниот идентитет до денес не е откриен.
Децении без идентитет
По речиси две децении, ниту еден роднина или пријател не ја посетил непознатата жена, чувајќи го нејзиниот идентитет обвиен со мистерија. Докторот Патрак изразува жалење што не е решена мистеријата на идентитетот, но истакнува дека лекарскиот тим се обидува да и го направи подостоинствен нејзиниот тежок живот, пренесува Ало.
Напори за откривање на идентитетот
Повеќе од 100 семејства контактирале со властите со надеж дека ќе ја идентификуваат Клариња како нивна исчезната роднина, меѓутоа, ДНК тестовите не биле компатибилни. Овој случај потсетува на зачудувачки приказни како онаа на Нада Малбашиќ од Бања Лука, која помина 34 години во кома по сообраќајна несреќа, што е медицински феномен, а мистерија беше и нејзиниот идентитет.
Лекарскиот тим во моментов се труди Клариња да не биде погребана во заеднички гроб, но се обидуваат да и дадат достоинствен крај. Овој случај не потсетува на важноста од зачувување на човечкото достоинство и потрага по вистината дури и во најмистериозните ситуации.